Невеста на свадбата ѝ оддаде почит на починатата мајка на младоженецот и го расплака (фото)
Кога има љубов, тогаш има и разбирање за бродоломите низ кои минува партнерот.
Ретко кој пар би ги избрал гробиштата за својата свадбена фотосесија, но Шајен и Ник Норвуд го сторија тоа. Поточно сето ова било идеја на Шајен и таа го изненадила Ник кога го однела на оваа локација.
Мајката на Ник починала една година претходно и Шајен гледала колку Ник страда по неа и колку го боли фактот што таа нема да биде дел од неговата свадбена церемонија.
Сфатила дека него ќе му значи ако на каков било начин нејзиното присуство се почувствува на венчавката и ако ѝ се оддаде почит.
„Дел од мене сакаше тој да биде супер возбуден за свадбата, но јас не разбирав зошто не може комплетно да се предаде на тоа затоа што никогаш не сум изгубила родител. Но, откако сфатив го направив планот“, изјави Шајен.
Мајка ѝ му ги врзала очите на Ник, го ставиле во автомобил и го однеле на гробишта. Па, така Ник прв пат ја видел својата сакана во венчаница токму покрај гробот на неговата мајка.
За емотивноста на целата ситуација сведочат и фотографиите направени притоа, на кои Ник плаче.
Инаку, од свадбата е измината една година и парот сега го очекува своето прво дете, но Ник одлучи овој момент од нивната свадба да го сподели на Reddit и прикачи неколку фотографии од гестот на неговата сакана, кој го трогнал. Тој вели дека поради него го чувствувал присуството на мајка му на неговиот голем ден и бил среќен.
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:


