5 знаци при организирањето на свадбата покажуваат дека бракот нема да успее
Носењето одлуки за организацијата на свадбата тајно зад грбот на саканата личност е знак дека бракот нема да трае долго.
Кај нас невестата и младоженецот најчесто сами ги организираат свадбите, но во странство често ангажираат организатори на свадби.
Тие, покрај комплетна организација на церемонијата, веќе се истренирани да ја проценат и психологијата на младите.
Откриваат кои знаци кај невестата и младоженецот сигнализираат дека бракот нема да трае долго:
Невестата и младоженецот си се обраќаат со навредливи имиња пред други луѓе.
Еден од нив тајно носи одлуки за организацијата на свадбата и прави работи зад грбот на другиот.
Еден од нив воопшто не е заинтересиран да учествува во дискусиите за свадбата.
-->
-->
Невестата и младоженецот не сакаат да прават компромиси, без разлика дали тоа е музика или список на гости.
-->
Едниот од нив јавно негативно ги коментира изборите на партнерот.
С. С.| Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:

Најубавите свадби во 2024 година објавени на CRNOBELO
Од интимната венчавка на водителката Ведрана Ѓорѓевиќ, преку раскошната свадба в...