Свадбени торти кои ќе ги обележат церемониите на љубовта во 2018 (фото)
„Месецот на љубовта“ започна, а веќе почнаа и подготовките на оние кои го кажаа судбоносното „да“. Подготовката на свадбената церемонија бара многу трпение и енергија, па затоа најдобро е да започнете со нешто слатко.
Токму така, еден од најсимпатичните моменти на секоја свадба е сечењето на тортата.
Освен тоа што е вистинско обележје за време на големиот ден, тортата го претставува главниот декор и уникатниот стил на младенците.
Па, доколку сте од оние кои што оваа година се подготвуваат да стапнат на „лудиот камен“, време е да почнете да ја барате својата свадбена торта од соништата.
Во продолжение погледнете дел од тортите кои ќе бидат вистински хит на свадбените церемонии во 2018 година:
С. У. | Црнобело