Романтични венчаници за пролет 2017 (фото)
Колекциите невестински фустани наменети за пролетната сезона во 2017-тата година се одликуваат со лелеавост, доза романтика и префинет гламур.
Луксузни материјали, совршенi силуети и многу иновации ги обележаа колекциите на 5 дизајнери кои ние ги издвоивме како најинтересни и највозбудливи.
Маркеза е веќе докажан бренд за раскошни фустани наменети за црвениот тепих, а венчаниците се само уште една нивна специјалност.
Моник Лулие повторно ги освои сите со своите етерични, нежни и женствени креации, а Каролина Херера го имаше можеби најинтригантниот невестински изглед – панталони наместо фустан со долг вел извезен со детали.
Ќе се вљубите во колекцијата на британската дизајнерка Џени Пакам, а пријатно изненадување се и креациите на Наим Каан, индиско-американски дизајнер познат по своите интригантни детали и раскош на фустаните.
Погледнете ги романтичните венчаници кои го одземаат здивот:
Џени Пакам
Марчеза