„Трендови“ кои мора да се забранат на моминските вечери
Крајно време е идните невести да престанат да се „истакнуваат“ на својата моминска вечер со погрешни трендови кои не им личат, без оглед на годините.
Секоја идна невеста сака да ја прослави својата „последна вечер како девојка“ бидејќи за некоја недела ќе стане сопруга, и тоа до некаде е во ред. Само без претерување.
Не е дека никогаш повеќе нема да излезете во диско или кафана, па затоа нема потреба да се срамите со:
1. Идентично облекување на пријателките, додека само невестата е во бело.
2. Испринтани маички со натписи „ќе бидам невеста“, „јас сум старосватица“, „од утре сум среќно мажена“ и слични.
3. Торти и декорации со пениси.
-->
-->
-->
4. Всушност, било каква храна во облик на пениси и голи мажи.
5. Стриптизери со цел да ја „изненадат“ невестата. Не е дека откако ќе се омажи нема да види згоден дечко.
6. Круни, венчиња, шалови од пердуви...
7. Ленти преку рамо како да сте Мис на свет.
-->
М. Д. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:

Комбинации на бои кои ќе ја направат совршена вашата есенска свадба
Есента со себе носи многу промени и нови почетоци, а ако сте од оние парови кои ...