Емили Ратајкoвски во најсекси издание досега
Емили Ратајковски ќе биде главна ѕвезда во претстојното издание на магазинот за „Sports Illustrated“, кое воедно ќе биде и нивно 50-то јубилејно издание.
Заводливата бринета која светската слава ја стекна со појавувањето во провокативниот спот за песната „Blurred lines“ на Робин Тики на својот Инстаграм профил објави неколку фотографии од подготовките за фотосесијата.
На нив може да се види Емили во минимални бикини како позира во базен додека пред неа има преубав хоризонт.
Емили Ратајковски толку ја воодушеви јавноста со своето појавување во контраверзниот спот, па дури добила и филмска улога во филмот „Gone girl“во кој ќе глуми девојка на Бен Афлек.
Погледнете како изгледа ѕвездата на спотот „Blurred lines“на провокативното снимање за „Sports Illustrated“.