Искуства на татковци кои присуствувале на породување на партнерката: „Крваво е, но е едно од најубавите нешта“

„Целото искуство беше стресно и заморно, а истовремено никогаш не сум бил повозбуден. Љубовта што ја чувствувате кога првпат го држите детето е неверојатна“.

bev-presrekjen-no-i-isplashen-deka-neshto-kje-se-sluchi-kako-izgleda-poroduvanjeto-od-perspektiva-na-tatkovcite-01.jpg

Породувањето е момент што жената ќе го помни целиот живот и ако помине без компликации, ова е најволшебниот миг од нејзиниот живот. 

Но, и за татковците ова искуство е исто волшебно, особено бидејќи тоа е првата средба со нивното малечко.

За разлика од мајките кои девет месеци се поврзуваат со детето, татковците мораат да почекаат да се роди и тогаш, како што велат повеќето, ги чувствуваат сите емоции истовремено.

Некогаш, ова искуство е и трауматично за татковците – ако станува збор за ризично породување, тие се во неизвесност што ќе се случи со нивното дете и нивната партнерка.

За Редит, неколку татковци споделиле како изгледа породувањето од нивна перспектива:

„Присуствував на раѓањето на моите две деца. Да ви кажам, беше навистина чудно искуство. Крваво е, но е едно од најубавите нешта што сум ги видел. Човечкото тело е навистина неверојатно“.

„Првото дете се роди на мојот роденден. Најмногу се сеќавам на преморената сопруга која откако се породи, се сврте кон мене и ми рече: ’За следниот роденден ќе добиеш само торта‘“.

bev-presrekjen-no-i-isplashen-deka-neshto-kje-se-sluchi-kako-izgleda-poroduvanjeto-od-perspektiva-na-tatkovcite-06.jpg

„Сопругата си зборуваше со анестезиологот како да е на кафе! Лекарот што го правеше царскиот рез само ѝ рече ’Може да почувствуваш притисок и движење‘, па ѝ го отворија стомакот и го извадија бебето. Додека лекарот го држеше се сврте кон мене и гордо ме праша кој пол е“.

bev-presrekjen-no-i-isplashen-deka-neshto-kje-se-sluchi-kako-izgleda-poroduvanjeto-od-perspektiva-na-tatkovcite-05.jpg

„Бев блед како дух и многу исплашен за првото дете. Ништо не ве подготвува за тој миг. За второто бев поопуштен. Гледав фудбал бидејќи сопругата ме избрка и ја побара мајка ѝ. Сакав да помогнам, па ја пресеков папочната врвца. Бев првиот што го држеше мојот син. Двете породувања беа неверојатни. Не би променил ништо“.

„Сопругата имаше девет месеци да се поврзе со детето – неговото клоцање, движење и слично. Но, мене сето ова ми се случи во еден момент, кога првпат ја слушнав ќерка ми како плаче. Сите емоции собрани во само еден миг.

За мајките има постепено поврзување. За татковците, ова е како бомба. Бев ’замрзнат‘ во место, не слушав што ми зборуваат и плачев. Ова беше важен момент за мене и сега доволно е само да ги затворам очите за повторно да го слушнам првото плачење на ќерката“.

bev-presrekjen-no-i-isplashen-deka-neshto-kje-se-sluchi-kako-izgleda-poroduvanjeto-od-perspektiva-na-tatkovcite-11.jpg

„Првото дете го добив пред 29 години и уште го помнам моментот кога првпат го допрев, кога го држев и кога ја пресеков папочната врвца. Си помислив ’Сега сум татко… морам да бидам подобра личност‘“.

„Сопругата имаше итен царски рез. Детето не дишеше и не му чукаше срцето. Сè се случи многу брзо и сите во просторијата знаеја што се случува, освен јас. Не би сакал уште еднаш да поминам низ тоа“.

„Верувале или не, јас ја породив сопругата кога ни се роди првиот син. Тоа е најубавото искуство од мојот живот“.

bev-presrekjen-no-i-isplashen-deka-neshto-kje-se-sluchi-kako-izgleda-poroduvanjeto-od-perspektiva-na-tatkovcite-08.jpg

„Целото искуство беше стресно и заморно, а истовремено никогаш не сум бил повозбуден. Љубовта што ја чувствувате кога првпат го држите детето е неверојатна“.

„Истовремено, ситуацијата беше застрашувачка и волшебна. Болката што ја издржа сопругата – тоа е неверојатно. Не можев да поверувам дека тоа мало човече што се роди беше наше. Дека ние го создадовме. И сега треба да му помогнеме да стане добра личност“.

bev-presrekjen-no-i-isplashen-deka-neshto-kje-se-sluchi-kako-izgleda-poroduvanjeto-od-perspektiva-na-tatkovcite-07.jpg

„Бев присутен кога се роди ќерка ми. Јас бев првата личност што ја виде. Тоа е најдобриот момент од мојот живот“.

„За време на породувањето, особено ако ви е прво дете, истовремено ја чувствувате скоро секоја емоција. Радост за новото дете, страв и грижа дека нешто лошо ќе се случи, гордост за сопругата, беспомошност бидејќи не можев никако да помогнам освен да ја држам за рака. Емотивно ќе бидете истрошени, но искуство е неспоредливо“.

bev-presrekjen-no-i-isplashen-deka-neshto-kje-se-sluchi-kako-izgleda-poroduvanjeto-od-perspektiva-na-tatkovcite-04.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
Kако да се справите со несаканите совети за децата, низ илустрации Како да реагирате на родителите што постојано се фалат со успесите на нивните де...
Проодување кај детето: Како да го охрабрите и на што да обрнете внимание? Предупредувањата од типот „Внимавај, ќе паднеш!“ се непотребни, бидејќи тре...
„Не сакав да имам дете во 20-тите години и да си го сменам животот од корен, станав родител подоцна“ „Луѓето претпоставуваат дека се каам што станав родител на подоцнежни години, но...
„Сите ми велат: ‘Блазе си ти, какво дете имаш!’  - Знам какво е, и не ми се падна на лото!“ „Често ми велат, блазе си ти какво дете имаш! Знам јас какво дете имам! Единстве...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg