Сестри во детството позирале како трудници со балони – 26 години подоцна затруднеле истовремено и ја копирале фотката
Сте виделе ли нешто послатко? Две сестри позираат како девојчиња во 1993 година со балони како труднички стомак, бремени биле во исто време 2019, а сега во 2021 имаат мали ќерки наследнички, кои ја продолжуваат традицијата.
Бри Диетз (35) и нејзината сестра Чалет Барба (33) од Сан Диего како малечки имале навика да ставаат балони под блузите и да глумат трудници. Една таква фотографија направиле во 1993 година.
Години подоцна, во 2019 година, било вистинско чудо кога двете сестри забремениле во истовреме и ја копирале фотографијата со вистински труднички стомачиња.
Тие оттогаш се сликаат со нивните малечки во раце, прво како бебиња, а потоа и како дечиња. Двете добиле женски деца, кои се први братучетки и се многу проврзани една со друга.
Бри и Чалет велат дека ова им било остварување на сонот. Како мали делеле кревет и постојано си играле со кукли заедно.
Неодамна направиле иста фотка со балони како труднички стомак и од нивните ќерки, надевајќи се дека некогаш и нивните ќерки можеби ќе имаат среќа како нив да бидат бремени во исто време.
Преслатко, зарем не?
С. С. | Црнобело