9 важни животни вештини што вашето дете треба да ги научи пред да стане тинејџер
Како да се извини и да прости
Кога вашето дете ќе направи нешто лошо, искористете ја можноста да му објасните што навистина значи извинувањето. Кажете му дека е нормално да се греши и дека во тие моменти сигурно ќе чувствува вина или грижа на совест и поради тоа ќе сака да се извини.
Од друга страна, научете го и дека треба да се обиде да им прости на луѓето кои му згрешиле нешто и му се извиниле.
Како да ги слуша другите и да покаже емпатија
Децата најдобро учат од пример, па бидете родител кој внимателно слуша што има да каже вашето дете и кога се соочува со проблем, покажете му сочувство.
Со ова детето ќе сфати дека треба внимателно да ги слушаме саканите и да им ја понудиме нашата поддршка кога има потреба од тоа.
Како да се справи со интензивните емоции
Децата не можат ни добро да ги разберат нивните емоции, па не е ни чудно што некогаш им е тешко да се справат со нив. Затоа, вашата задача е да му кажете на детето дека е во ред да се чувствува и среќно, но и тажно, и дајте му простор да ги искажува вашите емоции пред вас. Притоа помогнете му да сфати зошто се чувствува така.
Оптимизам и љубов кон себе
Важно е вашето дете да знае дека во животот ќе се соочи и со пречки и неуспеси, но дека и во овие моменти треба да остане оптимист. Истовремено, научете го да верува во себе и да се сака, дури и во миговите кога ништо нема да му оди по план и кога ќе погреши нешто.
И, не заборавајте да го научите детето да го сака својот изглед и да не се споредува со другите.
Како да си го организира времето
Доброто планирање на времето може да биде проблем и за возрасните, па осигурете се дека ќе му помогнете на детето во оваа област.
Наједноставниот начин да го направите е ова е заедно да направите дневен распоред за него – кога е време за станување, кога за училиште, кога учење, кога за играње… Потоа оставете го само да го следи тој распоред.
На овој начин детето уште од најрана возраст ќе научи да се организира и добро да си го планира времето.
Спирова С. | Црнобело