„Не се прави паметен,“ „Уште си мал“ – Како овие реченици влијаат на детето?

Родителите често не размислуваат како најобичните секојдневни реченици може да влијаат на детето, карактерот и самодовербата, ако се повторуваат доволно често.

ne-se-pravi-pameten-uste-si-mal-kako-ovie-recenici-vlijaat-na-deteto-001.jpg

Кои се фразите кои треба да ги избегнувате, ако не сакате да воспитате несреќно, незадоволно и несигурно дете?

Кога на детето му кажувате „Не можеш сам, неспособен си за ова,“ му набивате чувство на беспомошност, мрзеливост, несамостојност и несигурност во себе.

„Престани да паметуваш,“ „Молчи, не знаеш“ и вакви слични фрази го тераат детето да не оформува свое мислење. Со тоа губи интерес за нови работи и во животот ќе му недостасува иницијатива. Така се губат лидерските особини и харизмата.

„Не плачи,“ „Престани да викаш“ – на овој начин го терате да се откаже од сопствените емоции и чувства кои ги има во дадениот момент. Децата не ги распознаваат емоциите, па поради тоа тешко ги контролираат. Ваше е да го научите да разбере ЗОШТО е тажно или незадоволно.

„Ништо не чепкај, јас ќе го направам тоа“ честопати му дава до знаење дека не е способно да направи било што, па со тоа расте чувството на немоќ, неодговорност, пасивност...

„Не се лепи за мене! Тргни се и престани да ме држиш за рака цело време“ – детето брзо ќе изгуби интерес за општење. Само повеќе ќе се затвори и оддалечи.

„Уште си мал за тоа“ е реченица која ќе го натера детето никогаш да не порасне. Создава чувство на неодговорност и во животот ќе бара партнер кој ќе му биде родител.

„Гледај го Мартин, како тој може, а ти не?“ Тука го создавате комплексот не сум доволно добар. Вака растеното дете низ целиот живот ќе смета дека треба да направи нешто сериозно, за да заслужи љубов или внимание.

Обидете се да ги контролирате зборовите, како би растеле среќно дете.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
Kако да се справите со несаканите совети за децата, низ илустрации Како да реагирате на родителите што постојано се фалат со успесите на нивните де...
Проодување кај детето: Како да го охрабрите и на што да обрнете внимание? Предупредувањата од типот „Внимавај, ќе паднеш!“ се непотребни, бидејќи тре...
Како да препознаете дека вашето дете не ве почитува доволно? Детето кое не ги почитува вашите лични граници може да влезе во спалната соба бе...
Фрази кои не треба да им ги кажувате на децата-тинејџери „Разочаран/а сум од тебе“ - Да се слушне ова е многу полошо отколку родителот да...
„Не сакав да имам дете во 20-тите години и да си го сменам животот од корен, станав родител подоцна“ „Луѓето претпоставуваат дека се каам што станав родител на подоцнежни години, но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg