15 родителски грешки кои најтешко се одразуваат на детето

Секој родител го сака најдоброто за своето дете, но не сите амбиции треба да се пренесат од родителот на детето. Понекогаш, избирањето на правиот пат е 50% работа на родителот, 50% на детето.

15-roditelski-greski-koi-najtesko-se-odrazuvaat-na-deteto-001.jpg

Ова се 15-те најчести родителски грешки кои најтешко се одразуваат на детето, посебно кога ќе потпорасне:

1. На детето му се дава претерана слобода, без да се размисли дека може да се изгуби во огромниот избор.

2. Охрабрувањето е поважно од пофалбата, но многу родители го забораваат тоа, па само ги фалат децата, а не им даваат сила да го направат првиот чекор.

3. Родителите настојуваат да го усреќат детето, без да размислат дека тоа е негова цел.

4. Претераната размазеност го претвора детето во константен потрошувач, без внатрешно задоволство.

5. Преоптоварување со тренинзи, курсеви, информации, кое доведува до согорување и демотивација.

6. Родителите кои веруваат дека неопходен е интелектуален успех за тие да бидат горди, обично прераснуваат во арогантни возрасни личности.

7. Грешка е верувањето дека високото образование ќе му донесе на детето правилни животни ставови и ќе го заштити детето од лошите искушенија.

15-roditelski-greski-koi-najtesko-se-odrazuvaat-na-deteto-2.jpg

8. Многу родители премолчуваат одредени теми со детето.

9. Преголемите и строги критики може да го направат детето невротично, анксиозно и константно несамоуверено.

10. Условувањето и манипулациите се уште еден начин на трауматизирање кое родителите несвесно го прават.

11. Ненавременото учење за одговорноста за своите постапки може сериозно да направат неодговорна личност во иднина.

12. Родителите кои не им дозволуваат на децата да им стане досадно едноставно им го „убиваат“ креативното размислување.

13. Родителите кои не им поставуваат прашања од типот како им поминал денот и што научиле денес, ја губат поврзаноста со своето дете.

14. Не им читаат книги на глас. Ако родителите му читаат на детето книги на глас, тогаш тоа учи да седи мирно, да слуша и да ја користи фантазијата.

15. Прекумерното хранење може да предизвика сериозни психолошки проблеми, за кои родителите стануваат свесни предоцна.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

13 совети од родителите што ги разбираме дури откако ќе пораснеме, низ илустрации Во тинејџерските години секој совет од родителите низ звучи како непријателски н...
Kако да се справите со несаканите совети за децата, низ илустрации Како да реагирате на родителите што постојано се фалат со успесите на нивните де...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
Ранко Рајовиќ ги разлути родителите: „Штом детето наполни 2 години, заборавете на количката“ „Би возела и кукла во количката, само да не влечкам ќеси“ – му одговори една жен...
Како да препознаете дека вашето дете не ве почитува доволно? Детето кое не ги почитува вашите лични граници може да влезе во спалната соба бе...
9 типа на однесување на родителите, што им се враќаат како бумеранг (низ илустрации) Ги издавате тајните на детето пред сите или го карате кога ќе ви се довери. Му в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg