Не ѝ судете на мајката што ѝ е растурено дома или што детето ѝ е немирно...
Aко мајка доцни наутро, знајте дека станала од ниедно време и веќе имала ден преполн со обврски. И најверојатно работите тргнале на лошо од моментот кога ги отворила очите.
Ако куќата на мајката е во хаос, претпоставете си дека таа постојано собира работи, но нејзините мали торнада одат по неа и нејзините напори да биде средено се залудни.
Ако нејзиниот мијалник е полн со чинии, претпоставете дека тоа е само од утрото. Затоа што нејзините деца, се разбира, не ги сакаа првите неколку работи за јадење кои им ги понуди утрото, па така само од појадокот мијалникот ѝ е преполн со чинии.
Ако има облека по подот, треба да знаете дека таа наверојатно била испрана и здиплена, сѐ додека децата не почнале да ја расфрлаат наоколу.
Ако мајката ви изгледа уморна и преоптоварена, треба да знаете дека е свесна за тоа. Не мора да ѝ кажувате искрено сурови коментари за изгледот, туку да ѝ покажете добрина.
Ако нејзиното дете не се однесува добро, знајте дека таа најверојатно се обидела на секој можен начин да му го даде тоа што му е потребно. Знајте дека се обидела да го дисциплинира. И дека му ја дава вистинската количина на љубов и поддршка.
Ако се прашувате како можете да ѝ помогнете, само имајте на ум дека времето ѝ е најдрагоцена работа. Таа не бара ништо фенси. Само има потреба да спие, час или два да гледа серија или да прочита добра книга, или да се релаксира со масажа или педикир. Нешто што ќе направи да се чувствува како вистинската таа, а не само како нечија мајка... Тоа е тоа што ѝ е потребно. И можете да ѝ помогнете ако ѝ обезбедите малку време за себе.
Кога мајката бара помош знајте дека веќе ѝ е преку глава од сѐ и веќе го постигнала максимумот од нејзиниот ментален и емоционален капацитет.
Тогаш пријателите ѝ се потребни повеќе од кога било.
На крајот од денот, како и да ви изгледа во ваши очи, мора да знаете дека мајката дава сѐ од себе за да биде најдобрата мајка што може.
Извор