Писмо до мајката на дете со аутизам: „Само да ти кажам - правиш неверојатна работа“

„Ти ветувам дека дури и во „најлошите денови“ твоето дете е благодарно што ти си му мајка. Ќе биде подобро - сети се на тоа кога ќе чувствуваш како воздухот да е истиснат од твоите гради. Само чекај го првото „Те сакам“, тоа ќе направи да ги издржиш и најтешките денови.“

pismo-do-majkata-na-dete-so-autizam-samo-da-ti-kazham-pravish-neverojatna-rabota-001.jpg

Аманда Делука од Охајо е мајка на детенце со аутизам, а нејзиното писмо до сите мајки кои се во слична ситуација стана вирален хит.

Со зборови полни разбирање и поддршка таа се обраќа до сите мајки на деца со аутизам.

Ти се обраќам тебе мајко на дете со аутизам,

Те гледам и ја чувствувам твојата болка. Разбирам дека секој ден ти е борба за да пронајдеш радост и жалење по животот кој мислеше дека твоето дете ќе го има.

Твоите денови се исполнети со закажани термини за терапија, со докторски прегледи, со средување на административни работи за да извадиш боледување и со недостиг од сон.

Сега си водич на тим на едукатори и терапевти, нешто за кое не аплицираше, но мора да си на чело на тоа. Знаеш дека мора да биде направено, знаеш дека е важно ти тоа да го направиш.

Ќе се најдеш како доцна навечер со часови пребаруваш на интернет. Ќе ги затвориш прозорчињата разочарана дека нема да ги пронајдеш таму одговорите на прашањата што те мачат. Пронајди група за поддршка со мајки кои имаат деца со аутизам, тие ќе ти помогнат многу повеќе од Google.

Ќе се сеќаваш на деновите со забави со другарките, на семејните собири, на сите тие работи кои сега се тешки за организација поради дијагнозата на твоето дете. Животот ти се промени.

За жал, ќе има пријателства кои ќе ти избледат, но на патот ќе пронајдеш мајки кои имаат патување слично како твоето, мајки кои ќе чекорат заедно со тебе и ќе најдат начин да те поткренат тогаш кога ќе чувствуваш дека повеќе немаш атом сила во тебе.

pismo-do-majkata-na-dete-so-autizam-samo-da-ti-kazham-pravish-neverojatna-rabota-03.jpg

Ти ветувам дека дури и во „најлошите денови“ твоето дете е благодарно што ти си му мајка и твоето семејство те гледа со гордост во очите за тоа колку прекрасно го правиш сето тоа, колку посветено си ангажирана околу твоето малечко.

Да ти одговорам на твоето тајно прашање – Не, не постои такво нешто како премногу шолји кафе кога твоето дете не спиело неколку ноќи по ред. Можеш да пиеш вода подоцна.

Слушај ме – ти го можеш ова, ти ќе покажеш колку многу сила имаш во себе, сила за која ниту самата не си била свесна дека ја поседуваш.

Ќе се бориш и ќе паѓаш, но ќе научиш дека љубовта може само да биде почувствувана, не и објаснета.

Твоето срце ќе биде полно со гордост кога на патот ќе дојде успех и ќе се распрсне на милион парчиња кога ќе видиш дека твоето дете е исклучено од заедницата на моменти.

Ќе се распаѓаш и ова патување ќе биде преполно со емоции, од една крајност до друга. Само труди се да не остануваш таму предолго.

pismo-do-majkata-na-dete-so-autizam-samo-da-ti-kazham-pravish-neverojatna-rabota-02.jpg

Само чекај го првото „Те сакам“, тоа ќе направи да ги издржиш и најтешките денови. Без разлика дали е бакнеж, допир по образот, знак или некој звук, твоето срце ќе знае што кажува твоето дете и дека тоа е речиси преубаво за овој свет.

Ќе биде подобро, сети се на тоа кога ќе чувствуваш како воздухот да е истиснат од твоите гради.

Потребна ти е само една мајка во аголот со која заедно ќе изградите заедница. Една мајка која те проверува наутро, признава колку ти е тешко и не се натпреварува со тебе. Некоја што ќе ти каже „Те разбирам“, што ти ги чува тајните безбедни и ти ја крева брадата кога по лицето ти течат солзи. Таа ќе направи да не се чувствуваш осамена на ова патување, а ако си трпелива, ќе сретнеш уште неколку такви мајки во текот на патувањето.

И само да ти кажам правиш неверојатна работа. Јас сум мајка во иста ситуација како и ти, ќе издржиме, ние можеме.

С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Писмо до мојата 15-годишна ќерка: Прочитај што сакам да ти кажам, но живеј по свое - ти не си јас „Јас имам свој живот. Не морам да трчам за да те спасам и да оставам сè заради т...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
„Се каам затоа што сакав да бидам совршена мајка и викав многу по моите деца за сè“ „Се каам затоа што се карав гласно пред нив со нивниот татко. Им се извинив, но ...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
Kако да се справите со несаканите совети за децата, низ илустрации Како да реагирате на родителите што постојано се фалат со успесите на нивните де...
„Не сакав да имам дете во 20-тите години и да си го сменам животот од корен, станав родител подоцна“ „Луѓето претпоставуваат дека се каам што станав родител на подоцнежни години, но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg