10 карактеристики на луѓето кои се последицa од растење во токсична семејна средина
Имаат ниска самодоверба и премногу се критикуваат
Токсичните родители неретко ги нагласуваат недостатоците на детето и знаат да имаат нереални очекувања од него. Кога детето нема да ги исполни овие очекувања, го пречекуваат со низа критики и лоши зборови. Сето ова има лошо влијание врз самодовербата на детето. Кога ќе порасне, ова дете никогаш нема да биде задоволно од своите резултати и ќе има огромни проблеми со самодовербата.
Не им веруваат на другите
Ако, на пример, родителот му ветил на детето дека нема да го казни за нешто, а потоа сепак го казнува, следниот пат на детето ќе му биде тешко да му верува. Ако ова лажење се повторува често, детето нема да им верува не само на родителите, туку на сите. Кога ќе порасне, на оваа личност ќе ѝ биде тешко да им верува и на најблиските луѓе.
Неодлучни се
Ако родителот секогаш ги донесувал одлуките за детето, кога ќе порасне, тоа ќе биде неодлучна личност. Ако родителот секојпат му кажувал што да носи, што да јаде, па дури и на кој факултет да се запише, кога ќе порасне, тоа ќе биде несигурно во своите одлуки, дури и оние најмалите.
Можно е да чувствува презир кон братот или сестрата
За жал, некои родители го фаворизираат едното дете, а другото речиси целосно го запоставуваат. Во ваква ситуација, запоставеното дете речиси сигурно ќе развие аверзија кон својот брат или сестра, а овие негативни чувства можат да бидат изразени и подоцна во животот.
Страв им е од раскинување
Според некои психијатри, во токсичните семејства родителите всушност се обидуваат да го спасат бракот, иако е повеќе од очигледно дека е време да се разделат. За нив идејата за развод или раскинување е незамислива, без разлика колку е влошена ситуацијата.
Како што напоменавме, децата го следат примерот на родителите, па кога ќе пораснат, ќе се обидуваат да ја спасат дури и најлошата врска.
Спирова С. | Црнобело