Девојче со церебрална парализа ужива во снегот за првпат, благодарение на изумот на вујко ѝ (видео)

Вујкото на девојче со церебрална парализа, кое се движи само со помош на помагало, ѝ овозможил да може да шета по снегот благодарение на креативен изум - на тркалата од помагалото ставил сунѓери за пливање, кои функционираат како скии - радоста на девојчето е непроценлива. 

devojche-so-cerebralna-paraliza-uzhiva-vo-snegot-za-prvpat-blagodarenie-na-izumot-na-vujko-i-video-01.jpg

Колби Дурбороу е девојче кое има церебрална парализа, а за да се движи користи помагало, бидејќи сама не е во можност да оди.

devojche-so-cerebralna-paraliza-uzhiva-vo-snegot-za-prvpat-blagodarenie-na-izumot-na-vujko-i-video-4.jpg

Кога се родила, докторите не предвидувале ниту дека ќе преживее, а уште помалку дека ќе оди, но малечкото девојче ги надминало очекувањата.

devojche-so-cerebralna-paraliza-uzhiva-vo-snegot-za-prvpat-blagodarenie-na-izumot-na-vujko-i-video-3.jpg

Сега 3-годишнаа Колби оди со помош на помагало, исто како и нејзината 91-годишна прабаба, па заедно се шетаат низ соседството, за што нејзината мајка за светските медиуми изјавила дека е многу кул, бидејќи заедно една со друга се мотивираат, а се многу приврзани меѓусебно уште откако се родила. 

devojche-so-cerebralna-paraliza-uzhiva-vo-snegot-za-prvpat-blagodarenie-na-izumot-na-vujko-i-video-5.jpg

Сепак, Колби досега никогаш немала можност да ужива во снегот како другите деца, а снежното време ѝ донело тешкотии во движењето со помагалото заради тркалата.

Но, нејзиниот вујко добил генијална идеја – тркалата на помагалото за движење ги вметнал во сунѓер за пливање, кој овозможува лизгање на помагалото по снегот.

Малечкото девојче конечно може да ужива во снегот како сите други деца:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Знаци дека вашата ќерка наскоро ќе ја добие првата менструација (и како да постапите) Во минатото не се зборуваше многу за менструацијата, па многу од девојчињата беа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg