Мајка прикачи фотографија од хаотичната детска соба и стана мета на критки
Жена од Австралија сакаше да се пофали колку труд вложила во средувањето на собата на нејзините деца, но ја нападнаа со коментари од типот „Има премногу играчки.“
Мајка од Австралија беше нападната со критики откако ја покажа неуредната детска соба на нејзините деца во една Фејсбук група. На фотографијата целиот под е прекриен со ограчки.
Но целта ѝ беше да прикаже колку труд вложила и прикачи и фотографија откако ја средила собата по 4 часа чистење и на која сѐ е на свое место.
Додека некои ја пофалија за напорот што го вложила во чистење и средување, други беа шокирани од бројот на играчки во собата.
„Лесно е да соберете толку ѓубре, но тоа е лошо за планетата, навистина немаме потреба од толку работи“, гласеше еден од коментарите.
Друг прокоментира: „Одлична работа, но децата можеби треба да намалат со бројот на играчки за да немаш толку работа наредниот пат“, а трет додаде: „Пред родендени и Божиќ ги терам моите деца доброволно да се откажат од некои од своите играчки за да ги подариме на деца кои имаат потреба“.
Но, многу од мајките ја поддржаа и кажаа дека и собите на нивните деца изгледаат вака.
Пред vs. Потоа:
С. С. | Црнобело