За сите жени кои поминале низ болката наречена „спонтан абортус“...
Кога ќе добиеш менструација после спонтаниот абортус, како суров потсетник. Кога не можеш да ги тргнеш очите од мајката и бебенцето кои се прегрнуваат во трговскиот центар.
фото: depositphotos.com
Кога празнината и депресивните моменти ти стануваат секојдневие.
Кога сакаш повторно да бидеш бремена, но се плашиш повеќе од сè од исходот.
Кога не знаеш дали воопшто треба да зборуваш за истото во јавност, затоа што веројатно веќе си здодевна и време е да продолжиш со животот.
Кога успешно „продолжуваш со животот“, но тоа не значи дека не помислуваш на истото секој ден и не плачеш барем еднаш во неделата.
Кога случајно ќе изгледаш видео од твојот син кога бил бебе пред 8 години, и посакуваш да се вратиш во времето за да почнеш да ги цениш моментите малку повеќе, затоа што можеби веќе никогаш нема да ги имаш.
Кога сите дневни активности и обврски не те исполнуваат бидејќи она што навистина го посакуваш е бебенце кое ќе те исполни со љубов.
фото: Инстаграм
Кога интимните односи со сопругот се секогаш со план и пресметани.
Кога избегнуваш да ги видиш пријателите со бебиња, а во исто време се мразиш себеси бидејќи си љубоморна.
Кога се обидуваш да не мислиш на ништо од наведеното и да бидеш среќна со животот, но ти изгледа како да глумиш.
Кога заборавањето и бришењето на сеќавањата од мислите прави да се чувствуваш виновна и да имаш грижа на совест дека не ти е гајле за малото човече кое растеше во тебе, и одеднаш престана...
Кога не бараш да те сожалуваат, туку напротив, да ја кренеш свесноста за толку многу жени кои тивко патат, ден по ден, година по година.