Кои спортови се најдобри за вашето дете според неговата возраст?
4 години – самоконтрола и дисциплина
До 4-тата година децата веќе можат да ја контролираат нивната сила и се чувствуваат посигурно во себе. Ова е одличен период детето да научи нешто за самоконтролата и дисциплината.
Боречки вештини: Денес се достапни часови за разни боречки вештини, па дозволете му на детето само да одбере. Со изучувањето на некоја боречка вештина детето ќе научи да ја контролира неговата сила, но и ќе научи многу за дисциплината.
5 години – отпорност, рамнотежа и независност
На 5-годишна возраст детето веќе може да проба и спортови кои бараат поголема посветеност и кои ќе му дозволат да се почувствува независно.
Возење велосипед: Возењето велосипед е активност што ја сака речиси секое дете. Возењето велосипед е одлична кардиоваскуларна вежба, а ќе му помогне на детето да се почувствува независно и ќе му ја зголеми самодовербата.
6 години – флексибилност и самодоверба
На оваа возраст децата се полни енергија и имаат потреба да бидат активни.
Качување на болдер карпа: Качувањето е забавен спорт што ќе му помогне на детето да ја насочи енергијата во нешто. Истовремено, качувањето ќе му помогне подобро да ги координира неговите движења и да си ја зголеми самодовербата.
Ритмичка гимнастика: Овој спорт е одличен за координацијата и флексибилноста на детето.
7 години – групни спортови
На оваа возраст децата почнуваат да ги разбираат туѓите емоции и чувства, па навистина ќе им годат групните спортови. Со фудбалот, кошарката и слично, тие ќе научат како да играат во тим, ќе бидат физички активни, ќе научат да прават стратегии, а притоа ќе се забавуваат.
8-11 години – издржливост, држење на телото и релаксација
Правилното држење на телото е од голема важност и што порано детето го сфати тоа, толку подобро за него.
Трчање: Со оваа физичка активност детето ќе ги зајакне мускулите и ќе стане поиздржливо. Истовремено ќе научи многу за правилното држење на телото.
Јога: Јогата е одлична за секоја возраст, особено во периодот кога детето треба да научи како правилно да го држи телото. Покрај тоа, со техниките за дишење што ги опфаќа јогата тоа ќе научи и како да се релаксира - нешто што сигурно ќе му се најде подоцна во животот.
Спирова С. | Црнобело