Совети за третман на деца кои доцна прозборуваат со логопед Симона В. Николовска
Дечињата кои во периодот од 2-4 години не развиле говор, а притоа немаат дијагностицирано неможност, развојни отстапувања, когнитивни или моторни потешкотии се нарекуваат доцни прозборувачи или Late talkers.
фото: depositphotos.com
Доцното прозборување може да се јави како секундарен знак на некое нарушување, како специфично јазично нарушување, нарушување во социјалната комуникација, аутистичен спектар на нарушување, потешкотии во учењето, дефицит во вниманието и хиперактивност, интелектуални или други развојни нарушувања.
И покрај тоа што веќе сте побарале помош и логопедот ќе работи со детето, потребно е и Вие како родител да посветите внимание на развојот на говорно - јазичните вештини .
Подолу логопедот Симона В. Николовска споделува некои активности кои треба да ги практикувате почесто. Советите се дел од Среќичка водичот за стимулација на говорно – јазичните вештини за деца 18+
1. Разговарајте многу со вашето дете. Ова ќе му помогне на вашето дете да научи нови зборови.
2. Користете ги секојдневните случувања и опкружувањето за да бидете во постојана комуникација со детето.
3. Читајте со вашето дете секој ден. Истакнете ги зборовите кои Ви се таргет на објектите што ги гледате.
4. Покажете му ги знаците во околината.
5. Разговарајте со детето на јазикот кој најдобро го разбира (За деца кои растат во билингвална средина)
6. Слушајте внимателно кога вашето дете зборува.
7. Натерајте го детето да Ви поставува прашања, но не настојувајте по секоја цена, за да не се создаде фрустрација.
8. Дајте му на Вашето дете време да одговори на прашања.
9. Поставете временски ограничувања за гледање телевизија и користење компјутери. Користете го времето за разговор и читање заедно, играње игри.
Бројни совети за говорна стимулација може да најдете на Инстаграм профилот на логопедскиот кабинет Среќичка, дополнително може да се консултирате за Среќичка водичот наменет за late talkers.
Доколку имате прашања и предлози за тема на разговор со логопедот, испратете ги на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..
Прочитајте и: „Моето дете има две години и сè уште не зборува“ - на прашање од родители одговара логопед Симона В. Николовска
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.