„Мамо, сега ти си целиот мој свет, но еден ден ќе пораснам“
Додека бебето вреска доцна во ноќта и мајката не знае што да прави, се чувствува неутешно, осамено и сака и таа да плаче, потребно ѝ е да го прочита ова...
Мамо,
Јас сега сум многу мал и сѐ ми е малку матно
Сѐ што гледам си ти.
Кога се чувствуваш осамена, како ѕидовите да се затвораат запомни дека и јас сум тука. Знам дека светот ти се промени поради мене и деновиве се чувствуваш малку осамено. Но, не си осамена, ме имаш мене.
Ти си ми сѐ.
И кога не знаеш што правиш, ми го олеснуваш животот. Иако сѐ уште се запознаваме, ти ме знаеш подобро од кој било.
Ти верувам.
Кога некои ноќи мислиш дека нема да спиеш никогаш повторно, знај дека ќе спиеш. Двајцата ќе спиеме. Но, јас сум исплашен сега. Ти ветувам дека не манипулирам со тебе. Само ми е потребен твојот мирис и твојата утеха. Дали чувствуваш тежина во срцето кога сме одвоени? Чувствувам и јас.
Ми недостигаш.
Кога се чувствуваш како да не си постигнала ништо, те молам запомни дека ме правиш среќен. Деновите кои ти се некогаш тешки на тебе на мене ќе ми бидат најдобрите спомени како си играме заедно на подот.
Те сакам.
Кога не знаеш која си повеќе, кога ја тргаш главата за да не се видиш во огледалото, сети се дека тоа е лицето на кое ќе се угледувам еден ден кога ќе сакам да постигнам нешто, лицето што секогаш ќе го барам во толпата. Причината за мојата прва насмевка.
Ти си ми совршена на мене.
Кога чувствуваш огромна тежина на срцето, сети се дека јас никогаш не сум се чувствувал подобро. Може ли да лежам малку подолго покрај тебе?
Нема секогаш да ми бидеш вака потребна.
Но, сега си ми.
Кога чувствуваш дека не ти преостана ништо повеќе да дадеш, јас гледам како ги подаваш рацете кон мене и сакам да ти кажам дека ми даваш премногу секој миг. Кога плачеме двајцата, би сакал да можам да зборувам, но не можам.
Ако можев ќе ти кажев дека постои причина што те избрав тебе.
Ти сега си мојот свет мамо.
Но, мојот свет ќе стане поголем, доволно брзо.
Но, за сега...
Јас сѐ што гледам си ти.