Како се брани јутуберката што го даде посвоениот син со аутизам на друго семејство и го разлути светот?
4-годишното посвоено синче сега е во ново семејство, наводно поради несогласувања и инциденти со нејзините 4 биолошки деца.
Мика Стауфер периодов е една од најомразените жени на светот. Јутуберката и инфлуенсерка со својот сопруг Џејмс пред две години посвоила момче со аутизам од Кина, со него снимаше видеа и креираше содржина на своите профили на социјалните мрежи, но неодамна 4-годишниот Хаксли го предаде на друго семејство.
Критики за нејзиното однесување пристигнуваат од сите страни, а таа со својата нехуманост буквално го разлути светот.
Таа проговори за критиките што ги добила по повод сместувањето на својот посвоен син во нов дом, односно во коментар напиша: „Хаксли ќе ја сакаше оваа одлука 100%“, а потоа го избриша коментарот.
Мика исто така кажа дека имало страшни инциденти во нивниот дом со другите деца и таа немала избор освен да му пронајде ново семејство. Вели дека новото семејство ќе му помогне околу неговите медицински потреби.
И има зошто Мика е најомразената жена на светов периодов, зарем не?
Видео од објавата дека Хаксли ќе има ново семејство:
https://www.youtube.com/watch?v=ozthKDdSMZQ&feature=emb_logo
Фотографии со Хаксли: