Детето кое ви создава најголема главоболка е најмногу слично на вас

Нормално е членовите на семејството понекогаш да се расправаат и да не се согласуваат за сè. Повеќето конфликти се јавуваат меѓу родителите и нивните деца. Интересно е дека детето со кое најчесто имате несогласувања е она што најмногу личи во однесувањето на вас. Зошто е тоа така?

Deteto koe vi sozdava najgolema glavobolka e najmnogu slicno na vas 01

Психолозите веруваат дека станува збор за проекција, односно припишување на сопствените негативни чувства на другите.

Овој одбранбен механизам најчесто се активира кога сме под стрес и кога ни е полесно е да ги обвиниме другите за нашата нервоза, отколку да се соочиме со нашиот сопствен проблем.

Бидејќи децата го наследуваат нашето однесување, било да се работи за генетика или воспитување, природно е честопати да се препознаваме во нив. Ако не ги сакаме нивните постапки, реагираме агресивно, затоа што не сакаме да ги направат истите грешки.

Deteto koe vi sozdava najgolema glavobolka e najmnogu slicno na vas 02

Се разбира, дискутабилно е колку родителите навистина ги гледаат соодветно недостатоците во однесувањето на своите деца, а колку ги проектираат своите.

Во секој случај, родителите треба да бидат објективни кога станува збор за однесувањето на нивните деца. Треба да ги решат нивните фрустрации со размислување за нивните постапки и наоѓање на вистинските причини за фрустрацијата.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Си ги сакаме бабите, но 5 нивни фрази нè „полудуваат“ „Интернетот те расипа“, „Преслаб/а си, јадеш ли нешто?“ се само дел од работите ...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
Како да препознаете дека вашето дете не ве почитува доволно? Детето кое не ги почитува вашите лични граници може да влезе во спалната соба бе...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg