6 работи кои повеќе му штетат на вашето дете од што му прават добро

Секој родител се обидува да го одгледа детето правилно, но тоа навистина може да биде предизвик.

6-raboti-koi-povekje-mu-shtetat-na-vasheto-dete-od-shto-mu-pravat-dobro-01.jpg

Понекогаш, со сите совети кои ги слушате од луѓето или читате на интернет, веќе не знаете што е добро, а што не.

Па така, се случува дури и вообичаени работи кои мислите дека му помагаат на детето, всушност се штетни за него.

Во продолжение прочитајте кои работи му штетат на детето иако мислите спротивно:

Цуцла

Цуцлите може да бидат многу корисни до 6-тиот месец на бебето, бидејќи во тој период имаат смирувачки ефект. Но, по овој период, подобро е да г се одвикне од цуцла.

Според некои доктори, тие имаат негативен ефект како инфективни заболувања или проблеми со вилицата и џвакањето.

По 6 месеци, заменете ја цуцлата со посебни гумени работи за гризење.

6-raboti-koi-povekje-mu-shtetat-na-vasheto-dete-od-shto-mu-pravat-dobro-02.jpg

Погрешна храна која мислите дека е здрава

Иако некои видови храна се здрви за возрасните, сепак не се добри за децата, барем до одреден период, односно во првата година.

Телото не може добро да се справи со производи како мед, овесни каши млечни производи, кисели овошки, јаткасти плодови и слично, па консултирајте се со лекар пред да му дадете ваква храна.

6-raboti-koi-povekje-mu-shtetat-na-vasheto-dete-od-shto-mu-pravat-dobro-03.jpg

Несоодветна облека

Дури и облеката може да биде скриена закана за децата и освен што треба да гледате облеката да е удобна, треба да биде и безбедна.

Избегнувајте:

  • Мали додатоци кои не се потребни, а се ризични
  • Секакви копчиња и патенти кои не се држат цврсто
  • Волуменозни детали како бисери и слични додатоци
  • Претесна облека
  • Големи етикети кои може да ја иритираат кожата

6-raboti-koi-povekje-mu-shtetat-na-vasheto-dete-od-shto-mu-pravat-dobro-04.jpg

Пелени

Јасно е дека децата не можат да ги контролираат потребите до 18 месеци, па според докторите идеално е по тој период да почнете да ги навикнувате на нокшир и пелените полека да се исфрлаат.

Долгото користење пелени не им овозможува на децата да научат да се воздржуваат, може да предизвикува иритации на кожата и алергиски реакции, како и проблеми во вештините за одење.

6-raboti-koi-povekje-mu-shtetat-na-vasheto-dete-od-shto-mu-pravat-dobro-05.jpg

Стапчиња за уши

Докторите ги сметаат овие стапчиња за штетни и за возасните и за децата, бидејќи нема потреба да се оди длабоко во ушите со нив, посебно не кај најмалите, со оглед на тоа што може да се направи повреда на внатрешноста.

Миењето со вода и пена и бришењето со пешкир е сосема доволно, а со стапче може да ги чистите само надворешните делови на увото.

6-raboti-koi-povekje-mu-shtetat-na-vasheto-dete-od-shto-mu-pravat-dobro-06.jpg

Користење туѓи работи

Секако, не мора да купувате сè ново и некои работи може да ги позајмите од некого, но има работи кои не треба да се користат ако се претходно користени од друг.

Што треба да биде ново:

  • Чевли
  • Капи и шалови
  • Садови и хигиенски прибори
  • Душек, перница и ќебе

6-raboti-koi-povekje-mu-shtetat-na-vasheto-dete-od-shto-mu-pravat-dobro-07.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
„Се каам затоа што сакав да бидам совршена мајка и викав многу по моите деца за сè“ „Се каам затоа што се карав гласно пред нив со нивниот татко. Им се извинив, но ...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Kако да се справите со несаканите совети за децата, низ илустрации Како да реагирате на родителите што постојано се фалат со успесите на нивните де...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg