3 сестри се бремени во исто време и ќе се породат во рок од неколку седмици
Велат дека ова уникатно искуство е неверојатно и дека заедно си ги споделуваат радостите и маките на бременоста.
Ogechi Babalola била пресреќна кога дознала дека е бремена. Но, додека славела дека за првпат ќе се реализира како мајка не ни замислувала дека таа и нејзините две сестри ќе го споделуваат искуството заедно.
Chika Okafor и Onyeka Ufere забремениле исто така во тој период и наскоро трите ќе се породат со разлика неколку седмици една од друга.
За двете сестри ова е прва бременост и помалку е застрашувачко искуство, но Onyeka веќе минала низ ова кога била бремена со близнаци и таа ги охрабрува и им дава совети. Сестрите велат дека заедно се смеат на слатките маки во бременоста, а понекогаш и заедно си ги споделуваат фрустрациите што ги имаат притоа.
Сестрите, родени во Нигерија, велат дека направиле фотосесија со трудничките стомаци затоа што сигурно нема повторно да имаат можност да бидат бремени заедно. Велат дека ова е благослов за нив и мора да се овековечи.
С. С. | Црнобело