Што е токофобија и како социјалните мрежи влијаат врз тој страв?

За многумина кои планираат семејство, стравот дали сè ќе биде во ред е многу повеќе од нормален. Но, некои жени минуваат низ страв кој преминува во реална фобија.

shto-e-tokofobija-i-kako-socijalnite-mrezhi-vlijaat-vrz-toj-strav-01.jpg

Токофобијата е токму страв од носењето и раѓањето на детето и најчесто се појавува кај оние кои воопшто не ни поминале низ тој процес. Тогаш, од каде доаѓа овој страв?

Влијанието на социјалните мрежи

Токофобијата е прилично ретка кај жените кои веќе се бремени или родиле најмалку едно дете претходно и се појавува кај 14% од нив. Многу почеста е кај оние кои не се бремени и може да ги спречи или одврати целосно од намерата да создадат свое семејство.

Исто така, постои примарна токофобија, што се јавува кај бремените жени или кај оние кои можеби планираат да забременат. Секундарната токофобија се јавува по тешко породување кое донело и компликации, по што жената се плаши повторно да забремени.

Највиновен медиум во масовното ширење на токофобијата се социјалните мрежи и блоговите. Приказните споделени таму може да предизвикаат масовна паника меѓу жените кои уште немаат родено, плашејќи се дека може да го имаат искуството што го споделила некоја членка во група на Фејсбук.

Форумите и групите се преполни со најразлични сведоштва, а оние лошите може да бидат вистинска причина за една трудница да биде смртно исплашена од породувањето или пак некоја жена да прави сè само за да го одложи забременувањето што подолго.

shto-e-tokofobija-i-kako-socijalnite-mrezhi-vlijaat-vrz-toj-strav-02.jpg

Постои ли друг случај во кој може да се појави токофобија?

Претходното трауматично породување не е единствена причина за токофобија. Личноста можеби преживеала медицинска траума, неповрзана со раѓањето, па има одбивност кон лекари и болници. Потоа, може да се појави и од прераскажано искуство на блиска личност или сведочење на тешка последица по породувањето.

Исто така, токофобијата често се појавува и по спонтан абортус, предвремено пораѓање или губење на штотуку роденото бебе. Личностите со понестабилно ментално здравје се со поголем ризик за развој на токофобија, како и оние кои биле жртви на сексуално насилство и силување.

Кога овој страв странува неподнослив, секогаш е добро да се побара стручна помош и од гинекологот, но и од психотерапевт, доколку има потреба од тоа.

Токофобијата може да биде слична како посттрауматското нарушување, па често е потребно да побарате помош за да можете да го испланирате забременувањето.

Не двоумете се, подобро е што порано да побарате помош, за да се чувствувате подобро. И секако, не заглавувајте во групите и форумите.

shto-e-tokofobija-i-kako-socijalnite-mrezhi-vlijaat-vrz-toj-strav-03.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мисли кои ги мачат бремените жени, но се срамат да ги изговорат гласно „Во што ли се впуштив?!“, „Па ова е многу тешко!“... Во бременоста, жените се со...
Низ илустрации: Како се менува животот на жените откако ќе станат мајки? Наместо фотки од миленикот, пријателите и патувањата, во галеријата на телефонот...
Типови на луѓе на кои наидувам додека шетам со бебе низ Скопје Да се шета со количка за бебе низ улиците на Скопје е вистински предизвик - од т...
13 совети од родителите што ги разбираме дури откако ќе пораснеме, низ илустрации Во тинејџерските години секој совет од родителите низ звучи како непријателски н...
Kако да се справите со несаканите совети за децата, низ илустрации Како да реагирате на родителите што постојано се фалат со успесите на нивните де...
Најопасните предмети во детска соба, според доктори од брза помош Секоја година има илјадници случаи на деца кои се повредиле од греалки – некогаш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg