5 совети како да престанете да заборавате и да се губите во хаосот откако ќе станете мајка
Според некои истражувачи во врска со меморијата, поголем дел од бремените жени и тазе породените мајки се соочуваат со синдром „бебешки мозок“.
Тоа се одликува со губење и заборавање работи истовремено, што веројатно многу мајки го искусиле.
Мајките кога се соочуваат со овој проблем се грижат дека нешто не е во ред и го гледаат како знак на слабост или страв, но се покажа дека тоа не е толку сериозен проблем и за среќа се надминува.
Секако, покрај многуте фактори, за ова влијае и заморот и постојаните обврски кои некогаш не успевате да ги организирате и да ги ставите во ред, па мозокот почнува да ја намалува активноста.
За полесно да поминете преку тој период на заборавање и губење работи, постојат неколку трикови кои треба да ги практикувате.
Како да си ја вратите меморијата и да бидете поорганизирани и одморени:
Воспоставете распоред за хранење
Мајките кои дојат, а си немаат поставено распоред може претерано да се заморат и да го прават тоа без никакви ограничувања.
Сепак, добро решение е да му давате на детето да јаде на 2-3 часа (или според договорот со докторот) и секојпат да се трудите да биде целосно најадено.
Ако бебето почне да плаче меѓу два оброка, немојте веднаш да му давате млеко, обидете се да го измасирате по грбот за да ги испушти гасовите и да се олесни, или пак анимирајте го додека дојде време за следен оброк.
Создадете режим на спиење
Бебињата често заспиваат во текот на доењето, а мајките не сакаат да ги будат. Но, треба да се обидете да ги одржите будни барем половина час по хранењето, а потоа да ги ставите да спијат.
Логиката е едноставна – ако бебето заспива секогаш во различно време и за време на доење и после доење, тогаш нема да спие вечерта како што треба.
Но, ако има редовен распоред во текот на денот со организирано хранење и време за спиење, вечерта ќе биде време за одмор за двајцата.
Најдете простор и време за вежбање
Физичката активност е одлична за подобрување на краткотрајното губење меморија, за активноста на мозокот и мисловните вештини општо.
Одберете спорт како тенис, одбојка или пливање, а јогата и медитацијата исто може да направат чуда, но бидете умерени.
Одредете го менито за исхрана
Вашиот мозок е одговорен за сите промени во меморијата, а правилна исхрана помага за функцијата на мозокот и здравјето.
Јадете повеќе зрнеста храна, црвена риба, јаткасти плодови, спанаќ, бобинки, овошје и зеленчук и пијте многу вода.
Наместо сончогледово или маслиново масло, може да користите кокосово за готвење, кое е побогато со добри масти и помага за здравјето на мозокот.
Не правете сè одеднаш
Мултитаскингот ги прави работите похаотични, а тоа секако дека може да влијае на вашата заборавеност.
Подобро е да завршите една работа најдобро што можете, па потоа да почнете со нешто друго, отколку да правите 3 половично. Научете како да ги приоритизирате работите. Да направите добар ручек е поважно отколку да ги излакирате ноктите.
Друг совет што може многу да ви помогне е да водите дневник или список. Многу работи на кои нема да може сами да се сетите, ќе бидат запишани. Организирајте си го просторот наоколу за секој предмет да има свое место.
Откако ќе завршите со рутината и распоредот на вашето дете, време е да се посветите на вашиот распоред. Многу е подобро да го планирате времето кога знаете кои периоди од денот ви се „слободни“.
М. М. | Црнобело