10 лекции кои ги учат жените кои се пораснати од силна мајка
Мајките навистина имаат голема, значајна и тешка улога во животот на децата.
Тие се водилки кои треба да ги однесат на вистински пат, во секој момент да бидат покрај нив, да ги научат на многу работи во животот и да се жртвуваат за нивните деца да бидат среќни и успешни.
Тие се жени кои заслужуваат многу и ниту едно дете не треба да заборави што сè направила мајката за него.
Секоја мајка е добра на посебен начин, но постојат такви кои се издвојуваат, а тоа се оние силни жени кои поминале преку сè и сами се избориле за да го одгледаат своето дете најдобро што можат, независно од која причина.
Во случај да не сте свесни, погледнете кои се лекциите кои ги учат децата одгледани од силни мајки и бидете благодарни за тоа што:
1. Учите која е вредноста на независноста. Не ви треба никој за да се грижи за вас и знаете сами да живеете среќен живот.
2. Учите кое е значењето на безусловната љубов. Сте виделе како изгледа кога мајката се жртвува и прави сè за вас, а никогаш не се пожалила за тоа.
3. Учите како да се сакате себеси. Знаете кога треба да си заминете од она што не ви е судено и не ви значи и како да продолжите кога цел свет е против вас.
4. Учите дека може да бидете силни и меки истовремено. Силните мајки се вообичаено многу чувствителни но добро ја кријат таа страна за да не покажат ранливост пред детето.
5. Учите дека не е лесно да се биде жена и мајка. Дека вашето мислење некогаш не се зема предвид, но и дека може да се истакнете и да ги натерате сите да го слушаат вашиот глас и идеи.
6. Учите никогаш да не гледате назад. Учите да се откажете од „што ако“ и „можеше вака“. Не се прашувате зошто животот трга наопаку зошто сте научиле да гледате напред и да се надминувате.
7. Учите кое е значењето на трпението и вербата. Дека мора да имате верба и надеж за да преминете преку борбите со кои се соочувате и да знаете дека на крајот ќе биде во ред.
8. Учите како сами да си ја создадете сопствената среќа. Можете да најдете среќа и во најтешките периоди од животот. Можете да бидете среќни и ако го носите товарот на цел свет.
9. Учите дека таа уште знае повеќе за љубовта отколку вие. Дури и ако има разлика во генерациите, дури и ако не го поддржувате нејзиниот избор или не одобрува некој – таа секогаш на крајот е во право, бидејќи знае што зборува.
10. Учите како да бидете добра мајка. Пораснати сте од мајка која ви покажала како треба да се грижи за семејството, која ви покажала што е напорна работа и дека се исплати и која ви покажала како е да се сака безусловно. Ве научила како е да се биде заштитнички настроен, љубезен, силен и отпорен. Таа е вашиот пример кој ве води низ животот...
М. М. | Црнобело