Работи кои родителите ви ги дозволуваа како дете, а вие му ги забранувате на вашето

Ако се навратите во своето детство, ќе сфатите дека вашите родители ви дозволувале нешта од кои вам ви се крева косата при помислата тоа да го правите со вашето дете.

shto-nekogash-vi-dozvoluvaa-vam-roditelite-a-vie-denes-ne-ni-pomisluvate-vasheto-dete-da-go-pravi-01.jpg

Во тоа време беа сосема нормални некои појави, на кои денеска би реагирале социјалните служби, вие би биле осудувани од општеството, а соседите би ве пријавиле во полиција.

Потсетете се што правевте вие во детството и дали истите работи би ви било сеедно да ги дозволите сега:

Останувавте сами дома

На осум години веќе бевте доволно возрасни да останете сами дома неколку часа, со едно едноставно упатство - не отворај на никого. Исто така, од училиште си одевте со клуч на вратот, врзан на врвка, стигнувавте дома и чекавте да се вратат родителите од работа.

shto-nekogash-vi-dozvoluvaa-vam-roditelite-a-vie-denes-ne-ni-pomisluvate-vasheto-dete-da-go-pravi-02.jpg

Излегувавте надвор без родителски надзор

Беше сосема нормално на пет години да трчате низ маалото со поголемите, па и со помалите деца, а играта да трае со часови. Сè што требаше да почитувате беше „не оди подалеку од онаа улица“.

Потоа, од дома ве повикуваа од тераса и вие веднаш се враќавте.

Не носевте шишиња со вода

Пиевте од цревото од дворот на соседите, од маалските чешми или пумпи или влегувавте во продавниците и ја замолувавте продавачката за една чаша вода.

Во краен случај, некој претрчуваше до дома по шише од 2 литра и пиевте неколку деца од него.

shto-nekogash-vi-dozvoluvaa-vam-roditelite-a-vie-denes-ne-ni-pomisluvate-vasheto-dete-da-go-pravi-03.jpg

Игравте до стемнување, а и потоа

Немавте ни мобилни телефони, ни какво било средство за комуникација. Се знаеше, останувавте надвор до стемнување (поголемите и малку потоа) и се прибиравте на бањање и вечера.

Јадевте сè и сешто

Лижење „степ“, смрзнати лимонади, евтини чоколатца, парче леб со маргарин, сендвич од дома... Не ги дезинфициравте рацете со течност за дезинфекција, едноставно, „билдавте“ имунитет.

shto-nekogash-vi-dozvoluvaa-vam-roditelite-a-vie-denes-ne-ni-pomisluvate-vasheto-dete-da-go-pravi-04.jpg

Се пушеше насекаде

Во затворена просторија, на отворено, во автомобил, кога има гости, кога нема гости. Буквално секаде.

Не се носеа штитници и кациги

Како би научиле да возите велосипед или ролерки ако не ги „сринете“ колената, макар и по неколкупати истото. Гребаниците и модриците беа сосема нормална работа.

shto-nekogash-vi-dozvoluvaa-vam-roditelite-a-vie-denes-ne-ni-pomisluvate-vasheto-dete-da-go-pravi-06.jpg

Немаше детски седишта во автомобилите

Некогаш вашите родители ќе ве врзеа со појасите на задното седиште, но имаше и автомобили кај кои воопшто не ни постоеше опцијата појас на задно седиште.

Денеска, поради безбедноста, препорачливо е до одредена возраст да се возат децата во специјални седишта, а потоа врзани врз бампери.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
„Се каам затоа што сакав да бидам совршена мајка и викав многу по моите деца за сè“ „Се каам затоа што се карав гласно пред нив со нивниот татко. Им се извинив, но ...
„Не сакав да имам дете во 20-тите години и да си го сменам животот од корен, станав родител подоцна“ „Луѓето претпоставуваат дека се каам што станав родител на подоцнежни години, но...
Kако да се справите со несаканите совети за децата, низ илустрации Како да реагирате на родителите што постојано се фалат со успесите на нивните де...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg