Како да израснете деца кои нема да имаат проблеми со здравјето?

Покрај многуте непреспани ноќи и обврски кои се јавуваат кога имате дете, родителите имаат уште еден голем страв.

kako-da-izrasnete-deca-koi-nema-da-imaat-problemi-so-zdravjeto-01.jpg

Најголемиот предизвик за родителите е да се трудат ништо да не му се случи на детето и да го заштитат на најдобар можен начин.

Секако, не е лесно да препознаете кога нешто е во ред, а кога треба да кревате паника и да одите на лекар.

Но, педијатрите советуваат дека треба да следите неколку едноставни правила за да израснете здраво дете:

Не препишувајте сами лекарства

Без разлика колку мислите дека сте искусни и знаете за што се работи, никогаш не му давајте на детето лекови кои не ви ги препишал доктори, дури и ако точно знаете на што укажуваат симптомите.

kako-da-izrasnete-deca-koi-nema-da-imaat-problemi-so-zdravjeto-02.jpg

Јак имунитет

За детето да израсне здраво, мора да биде отпорно на околните фактори, а за тоа мора да создадете услови:

  • Дојте го детето минимум до 6 месеци
  • Создадете добра домашна атмосфера (температурата на воздухот да не е повеќе од 22˚С, влажноста не помалку од 50% и редовно проветрување)
  • Секојдневна прошетка на воздух
  • Не игнорирајте физичка активност
  • Овозможете му квалитетен сон

kako-da-izrasnete-deca-koi-nema-da-imaat-problemi-so-zdravjeto03.jpg

Бидете трпеливи

Некои здравствени проблеми кои се појавуваат кај децата додека се помали е можно да исчезнат сами со текот на растењето, како на пример нетолеранција на одредена храна, грчеви, алергија и слично, па треба да бидете трпеливи.

kako-da-izrasnete-deca-koi-nema-da-imaat-problemi-so-zdravjeto-04.jpg

Запомнете ги симптомите

Секако, колку и да се грижите и трудите да го одржите здравјето на детето, тоа некогаш може да се разболи и тоа е сосема нормално.

Но, секој родител треба да знае неколку важни симптоми за кои треба веднаш да се консултирате со лекар:

  • Пневмонија – потешкотии со дишењето, промена на боја, треска, надразнетост.
  • Ротавирусна инфекција – губење на апетит, нервоза, температура, повраќање и дијареа, кашлање, течење на нос.
  • Бронхитис – температура, потешкотии при дишење, кашлање, слабост, губење апетит, главоболки и стегање во градите, зголемено потење, менување на бојата на кожа.

kako-da-izrasnete-deca-koi-nema-da-imaat-problemi-so-zdravjeto-05.jpg

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
„Се каам затоа што сакав да бидам совршена мајка и викав многу по моите деца за сè“ „Се каам затоа што се карав гласно пред нив со нивниот татко. Им се извинив, но ...
Како да ги натерате децата да средуваат во домот (и што е соодветно за нивната возраст)? Претворете го чистењето во игра и пуштете музика - неколку трикови што ќе ви пом...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg