5 лекции на кои мора да ги научите децата кога се работи за пари

Овие разговори во моментов можеби нема да им бидат по ќејф на вашите деца, но бидете сигурни дека еден ден ќе ви бидат благодарни за нив.

5-lekcii-na-koi-mora-da-gu-naucite-decata-za-parite-01.jpg

Кога ќе израснете независни и зрели луѓе кои умеат добро да раководат со своите финансии, знајте дека сте ги решиле и своите и нивните проблеми.

Кои лекции мора да им ги предадете на своите деца кога се работи за управување со парите?

Лекција 1 – Парите не растат на дрво

Доколку вашите деца постојано ве гледаат како вадите пари од банкомат, особено додека се помали, добиваат идеја дека доволно е да се стисне само едно копче и да излезат пари од „магичната кутија“.

Но вие треба да седнете со нив и убаво да им објасните колку многу се трудите за да ги заработите истите.

Потребно е да сфатат дека банкоматот и банката се само „чувари“ на парите кои вие вредно ги печалите.

Лекција 2 – Паметно трошење на џепарлакот

Со цел да го научите детето паметно да ги троши парите, потребно е да му дадете извесна сума на пари и да го набљудувате што прави со нив.

Доколку тоа ги потроши сите пари само на една играчка, наместо на неколку помали работи кои му се повеќе неопходни, треба да му објасните дека ваквото трошење е недомаќинско и неразумно.

И секако, нема потреба да се потрошат сите пари до последното денарче од џепарлакот, нели?

Лекција 3 – Чекањето се исплатува

Буквално сме бомбардирани со изјавите од типот „купи сега – плати подоцна“. Ова секако е многу лош пат на кој ги учиме нашите деца, дека со обично поминување на кредитната картичка може да се вратиш дома со 5 полни ќеси.

Научете го детето на поимот „неопходност“ и дека не мора сè да се купи во моментот кога ќе помислите на истото.

Понекогаш е подобро да се почека, бидејќи доаѓаат големи попусти, па трпението навистина се исплатува.

Лекција 4 – Наместо инстант-купување < Штедење за нова играчка

„Оној кој штеди – има“. Тоа би била најкусата и најпродуктивната лекција која може да му ја пренесете на своето дете.

Наместо веднаш да му ја купите играчката која ја посакува, објаснете му дека е потребно да заштеди пари за истата.

Секако, вие ќе му помогнете. Можете дури и да му задавате мали задачи во рамките на домот, во замена за паричен надоместок и да му покажете дека за некоја недела е возможно „само“ да си ја купи играчката.

Лекција 5 – Откријте им ги предностите на штедењето

Секако, не можете да се расфрлате со сложени финансиски поими како „орочување на средства“ и „каматни стапки“.

На едноставен и лесно разбирлив начин објаснете им дека колку повеќе се штеди, толку повеќе парички се собираат и намножуваат.

Затоа не е паметна идеја да се потроши сè наеднаш. За оваа цел купете им мала касичка, порцеланска или пак метална која не може да се отвори така лесно и поттикнете ги секојдневно да ја полнат со парички, макар и со едно денарче.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Шест лекции што секој татко треба да му ги пренесе на својот син Образувај се, отфрлај ги токсичните мисли, справи се со своите несигурности и на...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
Мамо, не мораш да бидеш супер жена - сакам да те паметам насмеана „Мамо, еден ден кога твоето тело ќе се измори ретко кој ќе се сеќава дека си се ...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg