11 детски прашања кои може да бидат засрамувачки и како да им одговорите, наместо да ги скарате

Секој кој има дете знае колку непријатни можат да бидат неговите прашања. Има моменти кога сакате да прснете од смеа, но и моменти кога сакате да пропаднете во земја од срам.

11-detski-prasanja-koi-moze-da-bidat-zasramuvacki-i-kako-da-im-odgovorite-namesto-da-gi-karate-001.jpg

Во тие ситуации карањето не е најпаметната опција.

Воздржете се од избрзани реакции и гласно прекорување и обидете се да разберете дека децата не знаат дека прашањето е страшно, нелогично или срамно за околината.

Потоа внимателно одговорете:

11-detski-prasanja-koi-moze-da-bidat-zasramuvacki-i-kako-da-im-odgovorite-namesto-da-gi-karate-1.jpg

Бидете искрени, но не навлегувајте во детали.

„Кога двајца се сакаат, се бакнуваат и прегрнуваат. Тато ѝ ги дава на мама неговите клетки. Кога тие ќе се здружат со клетките на мама, во стомакот почнува да расте бебе. На почетокот бебето е малечко и плива како рипче. Кога доволно ќе порасне и повеќе нема место во стомакот на мама, се раѓа. Така се роди ти.“

11-detski-prasanja-koi-moze-da-bidat-zasramuvacki-i-kako-da-im-odgovorite-namesto-da-gi-karate-2.jpg

Обидете се да им објасните без да им оставите чувство дека се работи за тема на која е срамота да зборуваат.

„Момчињата и девојчињата се различни за да можеме да се размножуваме. Кога момчињата и девојчињата ќе пораснат, се вљубуваат и добиваат желба да имаат деца. Потоа мора да се спојат како сложувалка, а за тоа да се случи мора да бидат различни.“

11-detski-prasanja-koi-moze-da-bidat-zasramuvacki-i-kako-da-im-odgovorite-namesto-da-gi-karate-3.jpg

11-detski-prasanja-koi-moze-da-bidat-zasramuvacki-i-kako-da-im-odgovorite-namesto-da-gi-karate-4.jpg

Кажете „не“, но внимавајте да не му ги повредите чувствата.

„Сите си имаат своја улога во семејството. Твојата сестра не може да стане твој татко, ниту па твојот татко може да ти стане дедо. Така, твојата мајка не може да стане твоја жена. Кога ти ќе пораснеш, твојата мајка ќе биде стара. Тогаш ќе се грижиш за неа, но ќе имаш и жена – млада и прекрасна. Ќе се сакате силно и ќе имате ваши дечиња.“

11-detski-prasanja-koi-moze-da-bidat-zasramuvacki-i-kako-da-im-odgovorite-namesto-da-gi-karate-5.jpg

Важно е да му објасните на детето дека не е негова вина што се расправате.

„Луѓето се караат бидејќи не секогаш имаат исти мислења. Децата се караат, знаеш и самиот/самата, па така е и со возрасните. Но, секогаш се смируваат бидејќи се сакаат. И двајцата те сакаме.“

11-detski-prasanja-koi-moze-da-bidat-zasramuvacki-i-kako-da-im-odgovorite-namesto-da-gi-karate-6.jpg

11-detski-prasanja-koi-moze-da-bidat-zasramuvacki-i-kako-da-im-odgovorite-namesto-da-gi-karate-7.jpg

Не го замолчувајте детето кога ќе праша зошто некој човек изгледа поразлично. Објаснете дека мора да биде толерантен/толерантна на различностите.

„Секој човек е различен. Луѓето може да бидат високи, ниски, дебели и слаби. Понекогаш луѓето изгледаат различно бидејќи се болни. Можеш да ги повредиш ако ја исмееш нивната различност. Не би требало да го насочуваш прстот кон нив. Подобро е да ме прашаш подоцна, на само, за да не повредиме никого. Во ред?“

11-detski-prasanja-koi-moze-da-bidat-zasramuvacki-i-kako-da-im-odgovorite-namesto-da-gi-karate-8.jpg

Браќата и сестрите често војуваат за љубовта и наклонетоста на родителите. Затоа ова е стресна тема.

„Ти си различен, па и нашата љубов кон тебе ја искажуваме на различен начин, отколку љубовта кон брат ти/ сестра ти. Ве сакаме подеднакво, но на различен начин. И двајцата сте ни многу важни.“

11-detski-prasanja-koi-moze-da-bidat-zasramuvacki-i-kako-da-im-odgovorite-namesto-da-gi-karate-9.jpg

11-detski-prasanja-koi-moze-da-bidat-zasramuvacki-i-kako-da-im-odgovorite-namesto-da-gi-karate-10.jpg

Објаснете му на детето дека лекарскиот преглед е неопходен. Во никој случај не го нарекувајте кукавица или плачко.

„Докторот нема да те повреди. Негова работа е да се бори со бактериите и болестите кои тебе те напаѓаат. Процесот може да е малку болен, но потоа ќе ти биде подобро.

Кога бев мал/а еднаш примав инјекција. Бев исплашен/а, но се справив. Можеш и ти. Запомни дека и твоето плишано мече некогаш се разболува и го носиме на доктор. Но, утредента веќе му е подобро, нели?“

11-detski-prasanja-koi-moze-da-bidat-zasramuvacki-i-kako-da-im-odgovorite-namesto-da-gi-karate-11.jpg

Не ги лажете децата за смртта. Можат да ја прифатат.

„Луѓето, животните, па дури и цвеќињата умираат еден ден. Тоа е природно. Важи и за нас, но не наскоро. Кога ќе бидеме многу стари, тогаш ќе заминеме и ќе направиме простор за новите генерации, пример, за твоите дечиња. Но, дотогаш ќе живееме прекрасен живот полн со авантури и откривање на убави работи.“

11-detski-prasanja-koi-moze-da-bidat-zasramuvacki-i-kako-da-im-odgovorite-namesto-da-gi-karate-12.jpg

11-detski-prasanja-koi-moze-da-bidat-zasramuvacki-i-kako-da-im-odgovorite-namesto-da-gi-karate-13.jpg

Објаснете им дека работата е нешто што мора да се прави. Нагласете ја среќата која ќе ја чувствувате кога ќе се вратите.

„Не сакам да те оставам, но морам да одам и не можам да направам ништо во врска со тоа. Работата е многу важна. Запомни дека ќе се вратам за неколку часа и ќе бидеме пресреќни што повторно ќе се видиме.

Имам идеја. Ајде да се замениме, јас ќе земам една твоја играчка, ти една моја нараквица. Ќе ги чуваме блиску до нас додека повторно не се видиме.“

11-detski-prasanja-koi-moze-da-bidat-zasramuvacki-i-kako-da-im-odgovorite-namesto-da-gi-karate-14.jpg

Не се плашете да признаете дека како родител не сте идеални.

„Да, јас имам лоша навика да пушам и некогаш да останам доцна пред компјутер. Но, не сакам да ги повторуваш моите грешки. Сакам да бидеш подобра личност отколку што сум јас.“

11-detski-prasanja-koi-moze-da-bidat-zasramuvacki-i-kako-da-im-odgovorite-namesto-da-gi-karate-15.jpg

11-detski-prasanja-koi-moze-da-bidat-zasramuvacki-i-kako-da-im-odgovorite-namesto-da-gi-karate-16.jpg

Не ги исмејувајте детските стравови во ниту еден случај. Сфатете ги многу сериозно и смислете решение.

„Раскажи ми за чудовиштето. Знаеше дека чудовиштата се плашат од магии? Ајде да смислиме една магија заедно.“

Втора опција:

„Види, ова не е обично далечинско. Го гледаш ова тајно копче? Кога ќе го притиснеш, чудовиштето исчезнува. Чувај го далечинското блиску до тебе во случај да ти затреба.“

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мамо, не мораш да бидеш супер жена - сакам да те паметам насмеана „Мамо, еден ден кога твоето тело ќе се измори ретко кој ќе се сеќава дека си се ...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
Kако да се справите со несаканите совети за децата, низ илустрации Како да реагирате на родителите што постојано се фалат со успесите на нивните де...
„Се каам затоа што сакав да бидам совршена мајка и викав многу по моите деца за сè“ „Се каам затоа што се карав гласно пред нив со нивниот татко. Им се извинив, но ...
Шест лекции што секој татко треба да му ги пренесе на својот син Образувај се, отфрлај ги токсичните мисли, справи се со своите несигурности и на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg