Креативен татко кој од семејниот албум со детето создава незаборавна авантура
Сите родители ги сликаат децата додека се малечки на секој нивни чекор и активност, за кога тие ќе пораснат да имаат спомен од времето на кое нормално, не се сеќаваат добро.
Од фотки како се бањаат и како јадат, до како пеат и играат, се забавуваат и спијат – семејните албуми се исполнети со секакви слики од децата.
Но, 36-годишниот Шолом Бер Соломон е креативен татко, кој одлучил фото-албумот од детството на неговото дете да го направи уникатен и незаборавен.
Тој постојано прави фотосесии со неговата 1-годишна ќеркичка Зои и воопшто не му претставува проблем да се маскира заедно со неа за да го постигне посакуваниот ефект.
Фотките тој ги објавува на неговиот Инстаграм профил, а кога ќе ги погледнете, од срце ќе се насмеете.
Кој не би посакал ваков „откачен“ и посветен татко?
М. М. | Црнобело