10 најчести грешки кои ги прават модерните родители со децата
Се обидувате да бидете како вашите родители
Се издвојуваат 2 ситуации во овој случај: првиот, доколку сте биле воспитани премногу строго, па го следите истиот тој шаблон на воспитување.
Втората опција е доколку го воспитувате детето дијаметрално спротивно од строгост, па одите во друг екстрем – им дозволувате на децата да владеат со вас и светот.
Употребете го здравиот разум и пронајдете го својот стил на воспитување, без вашиот емоционален товар од минатото на оваа тема. Бидете подобри родители од вашите, нека тоа ви биде предизвик.
Лош пример сте
Не попусто се рекло дека родителите треба да бидат пример за детето. Доколку се возбудувате и при најмала провокација и почнувате да урлате, вашето дете претпоставува дека таквото однесување е нормално.
Вознемирувањето и навредувањето на другите луѓе ќе прерасне во вообичаено однесување. Слично на ова, детето ќе го копира и вашите навики во исхраната, особено доколку сте зависна од брза, нездрава храна.
Овозможете им на децата да носат мудри одлуки во врска со своето однесување и храната којашто ја јадат. Објаснете им зошто нешто е добро, а зошто нешто не чини, но немојте слепо да ги присилувате да ја следат секоја ваша одлука.
Не поминувате доволно квалитетно време со децата
Дали навистина им го давате на децата целото свое неподелено внимание, или секој си гледа на својот таблет и телефон? Или можеби вниманието ви го одвлекува некоја серија на ТВ?
Исклучете ги компјутерите, мобилните, телевизорот и таблетот. Нема подобар трик да поминете квалитетно време со своето дете.
Не ги учите децата на трпеливост
Многу родители ги ставаат детските желби на прво место. Никој не се обидува да ги научи децата да почекаат. Додека чека, детето се учи да го користи својот мозок. Без обѕир дали чека ред за во тоалет, дали го чека автобусот или возење кое трае подолго, секое дете треба да се научи на трпение.
Најдобро е секогаш да му дадете до знаење дека купувањето нова играчка, задачата или што и да е друго што си бара трпение, може да трае навистина долго.
Учењето на трпение ќе му биде од огромна полза понатаму во животот на детето.
Не сте добар водич
Најголем дел од родителската работа се состои во давање наредби и упатства. Размислете само колку негативна енергија емитувате. Толку многу време поминувате во наредување, што ви останува премногу малку време да се солидаризирате и поврзете со детето.
Родителите секогаш треба мирно и сталожено да им одговараат на децата. Објаснете му зошто правилото е такво, а не поинакво, и замолете го да стори нешто друго, наместо првата задача којашто сте му ја дале.
Кога им пристапувате на ваков начин, тие ја чувствуваат вашата позитивна енергија, а тоа делува благотворно и врз нив.
(О)Милена | Црнобело