3 вистини за царскиот рез кои секоја мајка сака да ги знаете

Мајчинството никогаш не е лесно - доаѓа со многу одговорности, жртви и напори, но и големи награди.

3-vistini-za-carskiot-rez-koi-sekoja-majka-saka-da-gi-znaete-1.jpg

Оние жени и мајки кои го родиле своето дете со царски рез, гордо го нарекуваат „белег на среќата.“

Токму тие мајки сакаат гласно да му ги кажат на светот овие 3 вистини за него:

1. Доволно се храбри за да се соочат со последиците од оваа интервенција

Некои ќе кажат дека царскиот рез е честа процедура, па не се смета за нешто страшно и ризично. Она што не го знаете е дека тоа е сериозен зафат кој со себе носи ризик и за мајката и за детето.

2. Не знаат дали сè ќе биде во ред, додека не ја напуштат салата за операции

Во повеќето случаи, ризикот не завршува со раѓањето на бебето. Како и кај секоја операција, докторите не можат да утврдат дали сè е како што треба додека анестезијата не помине.

Уште еден детаљ кој ретки луѓе го знаат. За време на царскиот рез мајката е свесна. Не чувствува болка, но го чувствува секое движење во неа. Не е ни малку пријатно и ако не сте претходно подготвени, може да биде трауматично искуство.

3. После царскиот рез треба долг период за опоравување, но мајката е презафатена со тоа да биде хероина на сопственото дете

За време на периодот на опоравување паралелно треба да научат да не спијат, да менуваат пелени, да се насмевнат колку и физички да се изморени... Затоа секоја мајка која гордо ја носи својата лузна на среќата заслужува аплауз.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Низ илустрации: Како се менува животот на жените откако ќе станат мајки? Наместо фотки од миленикот, пријателите и патувањата, во галеријата на телефонот...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
„Мајка ми не трчаше на лекар за секоја ситница, не ѝ паѓаше на памет да ме штити од наставниците“: Р... „Нашите мајки не се плашеа толку за нас. Денес - дои го детето до трето одделени...
Kако да се справите со несаканите совети за децата, низ илустрации Како да реагирате на родителите што постојано се фалат со успесите на нивните де...
„Се каам затоа што сакав да бидам совршена мајка и викав многу по моите деца за сè“ „Се каам затоа што се карав гласно пред нив со нивниот татко. Им се извинив, но ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg