Мајчинството без филтер: Како ќе изгледате еден час по породувањето?
Повеќето жени не би прифатиле да направат вакво нешто, но една мајка сакала детално да ги прикаже сите промени на женското тело по породувањето и како тие се сосема нормални.
Мелиса Џин, фотографка од Австралија, ја направила фотката од оваа мајка која стана апсолутен хит на Фејсбук.
На неа се наоѓа жена која штотуку на свет донела нов живот, облечена во црн градник и пелена, покриена со наметка.
Но, малку е да се каже дека насмевката е во фокусот на фотографијата.
Како и во секоја ситуација, коментарите се поделија на две страни - едни сметаат дека е непримерно да се покажуваат вакви фотографии во јавноста, додека другите ја пофалија за искреноста.
М. Д. | Црнобело