Запознајте ги богатите мајки од Лондон кои се премногу гламурозни за да бидат родители
Нов документарец открива како живеат супер богатите родители во Велика Британија. Една од нив е и Нина Наустдал...
Таа е еден од оние богати родители кои трошат по 200.000 фунти годишно за вработените кои се грижат за нејзиниот син...
Верувале или не, таа има вработено свој чевлар кој прави чевли само за нејзиниот син. Можеби се прашувате, зошто баш мора да има свој чевлар?
„Затоа што е забавно да биде детето вклучено во процесот. Да има нешто што е само за него направено и уникатно. Никој во Лондон, Монако или Јужна Франција нема такви чевли како мојот син, кој ги носеше цело лето“ – објаснува Наустдал.
Нина е само еден од родителите кои се појавуваат во најновиот документарец „Too Posh To Parent“ каде се прикажува како супер богатите родители ги воспитуваат своите деца.
Ова се родители кои имаат домови со 50-ина соби кои откриваат мали секојдневни проблеми за кои и не сме знаеле дека постојат.
Имаат „нинџа“ дадилки кои не само што ги воспитуваат нивните деца, туку и ги учат на боречки вештини и многу други работи.
Некои плаќаат и по 2.000 фунти за тренер кој ќе им помогне да научат да вршат нужда сами.
Плаќаат врвни готвачи по 2.000 фунти од час за да им готват веганска храна.
Некои родители плаќаат цел тим кој се координира за сите активности на детето, од играње до учење на разни вештини...
Еден татко вели дека никогаш во животот не сменил пелени на своите деца.
Многу поразличен свет од нашиот...
Но, за Нина ова е сосема нормално - „Не е ништо чудно. Во делот од Лондон каде живеам јас, сите сме исти. Не зборува секој отворено за тоа, но не е ни нешто од кое се срамиме.“.
„Ги одбирам деловите во кои сакам да бидам родител, а останатите ги препуштам на специјализираните дадилки и мислам дека нема ништо лошо во тоа“ - додава таа.
Нина е дизајнер за најбогатите, има сопруг менаџер, 3 деца, 7 кучиња и дом од 10 милиони фунти.
Дури и нејзините кучиња се „навикнати“ да носат скапа дизајнерска облека.
А, за сите дадилки и работници кои помагаат при воспитувањето на децата, годишно троши 200.000 фунти.
Лондон е полн со примери како Нина.
Пример е една руска двојка и нивната 13-годишна ќерка, Катја, која живее во куќа кој чини 45 милиони фунти.
Нејзините родители се одлучени од својата ќерка да направат виртуоз со виолина, па за неа се плаќа еден од најбараните виолинисти на денешницата, Димитри Ситковетски, а малата Катја учи да свири на инструмент од 7 милиони фунти.
„Сакаме да работи напорно за да не биде мрзлива и разгалена“ - вели Наташа.
Но, малата Катја не е многу среќна...
Кој добива во случајов? Дадилките и професионалците кои заработуваат големи суми на пари од богатите родители.
Н. Г. | Црнобело