Приказна за еден татко и неговиот 24-годишен син - Зошто не треба да судите?
Еден татко и неговиот 24-годишен син патувале со воз.
Момчето гледало низ прозорецот и возбудено извикало: „Тато, гледај, изгледа како дрвјата да летаат наназад.“
Таткото на тоа само благо се насмевнал.
Еден пар, седнат на соседните седишта, гледајќи во момчето и слушајќи го неговиот детски коментар, сочувствително погледнал кон таткото.
Кратко потоа, момчето повторно, со широка насмевка на лицето, извикало:
„Тато, гледај, облаците нè следат, и тие се движат заедно со нас.“
Таткото повторно нежно се насмевнал.
„Зарем нема да биде добро да го однесете син ви на лекар?“ – прашал парот.
Таткото само благо се насмевнал и им одговорил:
„Го направив тоа. Всушност, ние се враќаме од болница. Мојот син е роден слеп и денес конечно после толку операции за првпат може да гледа.“
М. С. | Црнобело