Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Родителите составија листа со желби на ќеркичката чии денови живот се избројани (видео)

Само 5 месеци откако се родила малечката Шаен Локхарт, во септември 2013-та година се соочила со трансплантација на срцето, а само една година подоцна докторите ѝ дијагностицирале лимфома, вид на рак кој ги напаѓа пациентите со трансплантирани органи.

Roditelite-sostavija-lista-so-zelbi-na-kjerkickata-cii-denovi-se-izbrojani-01.jpg

По неколкумесечен исцрпувачки третман, нејзините родители донеле тешка одлука да ја отпуштат Шаен од болница и да ја донесат дома во Охајо.

„Доволно беше. Таа преживеа толку многу во нејзиниот кус живот, за да се соочува со уште работи“, изјавила нејзината мајка Кора.

Заедно со сопругот, грижливите родители решиле да состават листа со 73 желби, за да Шаен ги преживее преостанатите месеци онака како што заслужува секое детенце, вклучувајќи ги и големите моменти како матурска забава и танцот со тато на нејзината свадба.

roditelite-sostavija-lista-so-zelbi-na-kjerkichkata-cii-denovi-zivot-se-izbrojani-video-2.jpg

Слатката Шаен била крунисана како кралица на матурската забава која ја организирале во нејзината црква. Со помош на полицијата, Шаен успеала да лета во хеликоптер. Била на куглање, јавање пони, како и на приватна проекција организирана специјално за неа на цртаниот филм „Finding Dory“.

Откако нејзината приказна била споделена на Фејсбук, илјадници луѓе ѝ излегле во пресрет на Шаен исполнувајќи ја нејзината желба да патува низ светот, фотошопирајќи ја на фотографиите од нивните патувања.

roditelite-sostavija-lista-so-zelbi-na-kjerkichkata-cii-denovi-zivot-se-izbrojani-video-1.jpg

„Секако, нема да биде исто без Шаен во нашите животи, но прославувањето на нејзиниот живот со неа беше прекрасно“.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Одлучив да немам деца – како ми изгледа животот и (дали зажалив)?“ „Мислам дека само трошам време. Животот без деца сега ми е некако здодевен и без...
Мамо извини за секој лош збор, за секојпат кога сум ти се развикала без причина Многупати сум ѝ се развикала на мајка ми само затоа што кажала или направила неш...
„Не сакав да имам дете во 20-тите години и да си го сменам животот од корен, станав родител подоцна“ „Луѓето претпоставуваат дека се каам што станав родител на подоцнежни години, но...
Првите 3 години од родителството се најтешки - после станува полесно Моето родителство се промени кога дознав дека критичните години се само првите т...
Низ илустрации: Како се менува животот на жените откако ќе станат мајки? Наместо фотки од миленикот, пријателите и патувањата, во галеријата на телефонот...
5 искрени детски реакции кои ќе ве насмеат до солзи „Мојата мала ќерка го разгледуваше нашиот свадбен албум и се воодушевуваше на ве...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg