Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Еден живот почнува, друг завршува“ - Моќна фотографија од дедо и внук со операции на срце

Моќна црно-бела фотографија се појави на социјалните мрежи и допре до милион срца, а на неа можете да забележите дедо и внук со белези од операциите на срце.

eden-zivot-pocnuva-drugiot-zavrshuva-mokjna-fotografija-od-dedo-i-vnuk-so-operacii-na-srce-01.jpg

Фотографијата е направена од страна на фотографот Sunshine Moody. На неа се дедото, Ален Халстед, кој досега имал две операции на отворено срце и неговиот 11-месечен внук, Колби Грегвер кој исто така бил опериран.

На фотографијата јасно може да се види дека имаат исти белези од операциите, но она по кое се разликуваат се фазата на живот во која се.

„Мојот татко досега имаше две операции на отворено срце, 18 стентови, песмејкери, дијабетичар е, имаше силен срцев удар и безбројни мали срцеви удари.

Срцето му функционира само на 10%.

Доби лек кој ќе му помогне срцето да му отчукува малку побрзо, но откако ќе помине ефектот на лекот ќе мораме да се збогуваме“ - изјавила на Фејсбук мајката на Колби.

Колби пак, ја имал својата прва операција на отворено срце кога имал само 4 месеци поради дефект на срцето, има пулмонална стеноза, пулмонална хипертензија, хронично заболување на белите дробови и Даунов синдром.

„Кога ја погледнав фотографијата се расплакав затоа што пред мене гледав две чуда кои се борат за својот живот“ - објаснува мајката.

eden-zivot-pocnuva-drugiot-zavrshuva-mokjna-fotografija-od-dedo-i-vnuk-so-operacii-na-srce-1.jpg

„Оваа година беше тешка, воопшто не знаевме дали ќе успеат да се вратат дома. Имаше моменти кога татко ми одбиваше да оди во болница сè додека не го види својот внук како си доаѓа дома“ - додава.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Одлучив да немам деца – како ми изгледа животот и (дали зажалив)?“ „Мислам дека само трошам време. Животот без деца сега ми е некако здодевен и без...
Мамо извини за секој лош збор, за секојпат кога сум ти се развикала без причина Многупати сум ѝ се развикала на мајка ми само затоа што кажала или направила неш...
„Не сакав да имам дете во 20-тите години и да си го сменам животот од корен, станав родител подоцна“ „Луѓето претпоставуваат дека се каам што станав родител на подоцнежни години, но...
Зошто љубовта на бабите и дедовците кон внуците е поинаква од онаа кон децата? Да се биде баба или дедо ти овозможува да бидеш родител каков што требаше да бид...
Низ илустрации: Како се менува животот на жените откако ќе станат мајки? Наместо фотки од миленикот, пријателите и патувањата, во галеријата на телефонот...
Првите 3 години од родителството се најтешки - после станува полесно Моето родителство се промени кога дознав дека критичните години се само првите т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg