7 грешки со кои родителите ги ограничуваат сопствените деца

Во текот на своите долгогодишни истражувања, експертот и авторот на најпродаваните книги за детска психологија, Тим Елмор, открива неколку грешки кои родителите често ги прават при воспитувањето на децата, а можат да ја намалат нивната самодоверба.

7-greshki-so-koi-roditelite-gi-ogranicuvaat-sopstvenite-deca-1.jpg

Тој вели дека постојат 7 главни грешки кои ги ограничуваат децата уште од рана возраст да пораснат во зрели личности кои се полни со самодоверба, а со тоа се намалуваат и нивните шанси да бидат успешни во својата кариера и општо, во животот.

Кои грешки треба најмногу да се избегнуваат според Елмор?

1. Не им дозволуваме да децата да ризикуваат

Живееме во свет каде луѓето наоколу постојано не предупредуваат за опасностите, а токму тој страв нè тера да ги заштитуваме нашите деца. Некој би рекол дека тоа е работа на секој родител и не би бил далеку од вистината, но прекумерната заштита има и негативни ефекти.

Психолозите откриваат дека децата кои не си играат надвор, кои никогаш не си ги удриле колената, не паднале на своите лакти, не се изгребале... често имаат фобии како возрасни.

Децата треба неколкупати да паднат, пред да научат дека тоа е нормално, како тинејџери, треба неколкупати да раскинат, за да научат како изгледа зрелата и стабилна врска...

Накратко, сите оние работи од кои се плашиме дека ќе ги повредат нашите деца можат да ги научат важни лекции за животот.

2. Ги „спасуваме“ премногу брзо

Денешната генерација на млади луѓе немаат развиено животни вештини како пред 30-на години, бидејќи возрасните не им дозволуваат сами да си ги решат проблемите, туку веднаш се ангажираат да им помогнат и да ги „спасат“ од непријатните ситуации.

На тој начин, децата учат дека секогаш ќе имаат помош за да се соочат со проблемите и се навикнуваат на помошта која ја добиваат, па немаат можност да развијат корисни вештини со кои умешно ќе се снаоѓаат во животот.

3. Премногу сме благи со децата

Живееме во време кога секое дете се учи дека е победник, дека секое дете е специјално, уникатно...

Но, истражувањата покажале, дека доаѓа време кога децата растат и сфаќаат дека не се толку посебни како што мислеле, па она што родителите им го кажувале воопшто не е валидно.

Започнуваат да се сомневаат во објективноста на своите родители, а пошироко и во себе.

4. Дозволуваме совеста и грижата да завладеат со нас

Вашето дете не мора и не треба да ве сака буквално секоја минута од неговото постоење, мора да се научи да ги надмине разочарувањата и да не стане разгалено.

Потребно е да знаете кога да кажете „не“, „не сега“ или „не може“. Како родители целиме да ги наградуваме нашите деца, но таа награда мора да биде заслужена, а не само како резултат на нашата грижа на совест.

5. Не ги споделуваме нашите минати грешки

Здравите тинејџери сакаат да ги рашират сопствените крилја и сами да испробуваат работи. Ние како возрасни, треба да им дозволиме да го направат тоа, но тоа не значи дека не треба некаде да го насочиме нивното кормило.

Потребно е секогаш да бидат предупредени за последиците од нивното однесување, секогаш да знаат какви грешки сме направиле во животот и што сме научиле од нив.

6. Ги мешаме интелигенцијата и надареноста со зрелост

Интелигенцијата често се употребува како мерка за тоа колку детето се зрело и како резултат на тоа, родителите претпоставуваат дека, бидејќи нивното дете е интелигентно, мора да е и зрело.

Само затоа што вашето дете е надарено во одреден аспект од својот живот, не значи дека е и во другите, не значи дека е емоционално зрело или подготвено независно да функционира како индивидуа.

7. Не го правиме тоа на што ги учиме нашите деца

Како родители, ваша одговорност е да бидете доследни на вашите зборови, односно тоа на што ги учите вашите деца и самите вие да го применувате.

Во спротивно, лошиот пример е само поттик за децата да не ве слушаат и да имаат потреба да се бунтуваат против вашето мислење.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Д-р Рајовиќ: ,,Играчката вреди толку колку што детето чекало да ја добие’’ „Некогаш важеше правилото: ‘голем празник – голема играчка’. Ако не ги научиме д...
Креативни и корисни трикови од родители кои ќе ви се најдат ако имате мало дете „Купете мала правосмукалка за детето – ќе си игра со часови, а и ќе го исчисти п...
Кул детски фризури за девојчиња кои ќе ги обожаваат во лето Kога се во прашање помали девојчиња, може да им направите едноставни фризури со ...
Шест лекции што секој татко треба да му ги пренесе на својот син Образувај се, отфрлај ги токсичните мисли, справи се со своите несигурности и на...
Вежби за деца што го активираат мозокот – ги подобруваат координацијата и концентрацијата Користењето на недоминантната рака за секојдневни активности, како миење заби, ј...
„Двапати донирав орган за мајка ми - тоа е мала цена за да ја видам здрава и среќна“ „Никој не беше подготвен за тоа да ја нема мајка ни во нашите животи. Тоа беше п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg