Секс кога имате дете: 5 златни правила кои не сакате да ги прекршите

Децата се најголемата радост на родителите, но да бидеме реални – некогаш знаат да бидат и напорни, особено кога сакате да си посветите време на себеси и на партнерот и кога сакате да „си поиграте“. Сексот кога имате деца не е невозможен, но е предизвик.

seks-posle-bremenost-5-zlatni-pravila-koi-ne-sakate-da-gi-prekrsite-01

Ова се неколкуте правила до кои мора да се придржувате ако сакате да имате секс, а имате деца:

1. Бидете тивки

Ова е најважното правило ако сакате да имате приватност. Заборавете на гласното стенкање и сексуалните воздивнувања. Најдобро ќе биде ако секоја желба која ја имате му ја шепнете на партнерот.


2. Добро подгответе се

Не заборавајте да ја заклучите вратата и да подготвите сѐ што ви е потребно за љубовниот чин. Иако водењето љубов под јорган е тешко за изведување, подобро е да се помачите отколку да му дозволите на вашето дете да ве види во вакво издание.


3. Бидете креативни

Доколку вашето дете сѐ уште не знае да оди, не може многу да ви пречи. Меѓутоа, кога доволно ќе порасне, тогаш настанува проблемот. Не мора секогаш да бидете во спалната соба, постојат уште еден куп простории кои можат да се заклучат. Препуштете ѝ се на имагинацијата.


4. Активирајте се

Некогаш се случува сексот да не ѝ биде привлечен на жената. Сепак, дозволете му на партнерот да ве убеди во спротивното. Потребно е да се сетите дека не сте само мајка, туку и жена. Таа непријатност која може да ја почувствувате на почетокот може да трае само неколку минути, а доколку вашето мислење не се промени, во секој момент може да престанете со љубовниот чин.


5. Бидете педантни и внимателни

Не заборавајте да ги отстраните доказите. Навистина ризикувате да се сретнете со детски прашања во врска со тие чудни „балони“ кои ги пронашле. Можеби нема да можете да го искажете своето уживање со звучни ефекти или да бидете спонтани како претходно, но верувајте дека сексот и понатаму ќе ви биде фантастичен.

Сексот е природна работа и освен ослободување ендорфини и зајакнување на врската со партнерот, тука е и да ве потсети дека имате и некои други улоги, освен родителските.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мајка на 6 деца ја разбранува јавноста: „Им дозволувам да се тушираат само двапати неделно, нема пот... „Денови за туширање се само недела и среда. Ако некој навистина мора да се истуш...
Мамо, не мораш да бидеш супер жена - сакам да те паметам насмеана „Мамо, еден ден кога твоето тело ќе се измори ретко кој ќе се сеќава дека си се ...
Фрази кои не треба да им ги кажувате на децата-тинејџери „Разочаран/а сум од тебе“ - Да се слушне ова е многу полошо отколку родителот да...
Престанете да им велите на младите мајки да најдат малку време за себе – тоа не е доволно! Ја нема таа купка што може да ги поништи ефектите на насобраниот стрес и анксиоз...
„Се каам затоа што сакав да бидам совршена мајка и викав многу по моите деца за сè“ „Се каам затоа што се карав гласно пред нив со нивниот татко. Им се извинив, но ...
Мајка ги подели мислењата – за роденденот на децата барала подароци во плико „Со парите купив нешто што сакаат, а тоа што ќе остане ќе им го заштедам и така ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg