20 работи кои секое дете сака да ги каже на својот родител
Секој родител е во потрага на препораки кои ќе му помогнат како да развие добри родителски вештини и како да воспита здраво и добро дете со силен карактер.
Листата е замислена како обраќање на 5-годишно дете кон својот родител:
1. Немој да ме разгалиш. Знам дека не мора да ја исполниш секоја моја желба.
2. Не се плаши да разговараш отворено со мене.
3. Не дозволувај да стекнам лоши навики - одвикнувањето од нив ќе биде потешко.
4. Не прави да се чувствувам како моето мислење да не е важно, во тие моменти нема да се однесувам убаво.
5. Не ме поправај пред другите луѓе. Многу подобро е да ме караш очи во очи.
6. Не прави моите грешки да ги доживувам како страшни престапи.
7. Не ме штити од последиците на моите постапки, нешто и сам/а треба да научам, посебно дека за секоја акција постои и реакција.
8. Не се лути кога ќе ти кажам дека те мразам, не те мразам, туку така се бунтувам против твојата „власт“.
9. Не ги повторувај работите по 100 пати инаку ќе се преправам како да не сум слушнал/а.
10. Не давај нереални ветувања. Ќе ми биде тешко кога нема да ги исполниш.
11. Не заборавај дека јас не можам да објаснам така добро што чувствувам.
12. Не ја барај од мене вистината кога се лутиш, од страв можам да те излажам.
13. Не биди непостојан/а, тоа ме буни.
14. Не ги оставај моите прашања без одговор. Јас ќе ги побарам одговорите на друго место.
15. Не зборувај дека моите стравови не се важни. За мене се многу важни, не се мали, а стануваат сè поголеми кога не ме разбираш.
16. Не се преправај дека си совршена личност која не прави грешки. Тешко ќе ми биде кога ќе сфатам дека не е така.
17. Немој да мислиш дека е недостоинствено да ми се извиниш. На тој начин ме учиш и мене така да се однесувам.
18. Не заборавај дека брзо растам. Мораш да се прилагодувап.
19. Не ми забранувај да експериментирам. Без тоа не можам да се развивам.
20. И не заборавај дека не можам да израснам во среќен човек, ако не сум бил во дом полн со љубов.
Н. Г. | Црнобело