Бакнување: Како да разговарате на оваа тема со вашето мало дете?
Бакнување – табу тема кај малите деца. „Грозно е!“ „Иуууу“ „Бљак“ – ова се само дел од реакциите на девојчињата и момчињата кога ќе им ја спомнете оваа интригантна тема.
Но, постојат деца кои веќе на возраст од 5 години се гушкаат и се бакнуваат. Иако е невино и слатко, тоа сепак претставува паника за голем број родители.
Еве што да направите во врска со тоа:
1. Потсетете го дека тоа е израз на љубов
Голем број мајки предлагаат да го потсетите вашето дете за кого всушност се наменети бакнежите. Тоа е начин на изразување љубов и на мала возраст тоа треба да биде наменето само за членовите на семејството.
2. Заземете научен пристап
„Луи Пастер уште во 19-тиот век постави теорија за бактериите...“ – ако започнете долго научно објаснување зошто бакнувањето не е во ред, самата идеја веднаш ќе им здодее.
3. Објаснете зошто поставувате граници
Кога нешто ќе му забраните, вашето дете секако дека сака да ја знае причината зад тоа. Добро објаснување за бакнувањето на мала возраст е дека не секој сака да биде допиран, дека треба да гледа кого бакнува и дали тој/таа сака да биде бакнат. Иако бакнувањето е исказ на љубов, љубовта ја покажуваме само кога имаме дозвола.
4. Почекајте да им помине
Децата на возраст од 5-12 вообичаено јавното бакнување го сметаат за одвратно и непријатно. Сигурно и вие кога сте биле мали сте се криеле или сте сметале дека тоа е грозно кога ќе сте виделе бакнеж на телевизија или пак вашите родители кога се бакнувале. Така да, не грижете се, тоа е само фаза и брзо ќе им помине.
5. Подгответе се за враќање на таа фаза
Како родители постојат големи предизвици со кои мора да се справите. Еден од нив ќе ви биде разговорот за секс и прифаќање на првата врска на вашето дете меѓу останатите. И факт е дека бакнувањето нема засекогаш да им биде одвратно. Бидете подготвени на тоа.
С. С. | Црнобело