Каков родител, такво дете - Како го воспитувате детето?
Начинот на кој родителите ги воспитуваат децата и тинејџерите влијае на тоа какви личности подоцна ќе станат децата, односно дали ќе имаат потенцијал да имаат социјално неприфатливо однесување или ќе пораснат во добри и чесни луѓе.
Педагозите тврдат дека начинот на воспитување на детето значително влијае на тоа како подоцна ќе се однесува детето во својата социјална средина.
Авторитетните родители бараат многу од своите деца и имаат строги правила, но ги почитуваат своите деца. Тие секогаш им објаснуваат на своите деца зошто го бараат тоа што го бараат и знаат да ги сослушаат своите деца.
Мајките и татковците кои не бараат многу од своите деца и не поставуваат граници им дозволуваат на своите деца да прават сè што ќе посакаат и имаат мал број на правила. Речиси секогаш се на страната на своето дете и ги исполнуваат неговите желби и потреби.
Родителите кои имаат потреба да го контролираат секој аспект од животот на своето дете, поставуваат јасни правила и граници, но не објаснуваат зошто го прават тоа. Не сакаат да го сослушаат мислењето на најмладите – „додека си под мој кров мора да ме слушаш“.
На основа на оваа поделба, педагозите заклучиле дека децата кои се воспитувани од страна на третата група на родители, кои сакаат да ги контролираат, многу се поподложни на пороци и социјално неприфатливо однесување.
Кај втората група на родители, погрешниот пристап предизвикува децата бргу да ја изгубат почитта кон своите родители и да не им претставуваат никаков авторитет.
Првиот пристап, според истражувањата е најдобар. Тинејџерите од таквите семејства се послушни, имаат свое јас и не се проблематични.