Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Драга ќерко, немој никогаш да се чувствуваш изгубено

draga-kjerko-nemoj-nikogash-da-se-cuvstvuvash-izgubeno-01.jpg

Драга ќерко,

Се надевам дека секогаш ќе ја знаеш длабочината на мојата љубов кон тебе, дури и тогаш кога сама се обидуваш да го пронајдеш вистинскиот пат за себе.

Се надевам дека ќе бидеш сигурна во твојот живот и дека ќе имаш толеранција за луѓето, бидејќи така ќе изградиш цврст карактер, без разлика на тоа што ти се случува во животот.

Се надевам дека никогаш нема да се сомневаш во својата интуиција и твоите претчувства за луѓето и ситуациите кои доаѓаат во твојот живот.

Те молам одбери да останеш сталожена и со силна волја кога ќе се соочиш со токсичноста на луѓето околу тебе. Одбери да гo слушаш внатрешниот водич.

Обиди се да разбереш дека ти не си само продолжение од твоите родители. Ти си своја, автентична индивидуа која заслужува бесгранична љубов. Ти го заслужуваш тоа и многу повеќе.

Обиди се да ги разбереш и прифатиш луѓето околу себе и околностите какви и да се.

Родителите се сепак само луѓе, со големи маани и не секогаш можат да те одбранат од детските рани.

Обиди се да имаш разбирање со сочувство и љубов, но истовремено остани вистинска на себеси со твоите лични граници, верувања, ставови и вредности. Почитувај се себеси, но почитувај ги и другите.

Секогаш сомневај се во тоа што си го научила и она зад кое стои општеството во кое живееше. Никогаш не ги прифаќај работите без добро да размислиш за нив. Формирај твои ставови, а не ги прифаќај туѓите.

И што е најважно: Обиди се да ја откриеш сопствената вистина одделна од туѓите вистини и влијание од луѓето околу тебе.

Со текот на времето ќе ја откриеш целта на твојот живот.

Би можело да ве интересира:

Низ илустрации: Како се менува животот на жените откако ќе станат мајки? Наместо фотки од миленикот, пријателите и патувањата, во галеријата на телефонот...
Вирална објава на една мајка: „Потрудете се да бидете добар брачен партнер, а не само добар родител“ „Потрудете се бракот да ви биде исто толкав приоритет, како што ви е улогата на ...
Знаци дека тинејџерите се соочуваат со некаков проблем – родителите не треба да ги игнорираат Промената на расположението кај тинејџерите не е нешто невообичаено, но, интензи...
5 искрени детски реакции кои ќе ве насмеат до солзи „Мојата мала ќерка го разгледуваше нашиот свадбен албум и се воодушевуваше на ве...
Kако да се справите со несаканите совети за децата, низ илустрации Како да реагирате на родителите што постојано се фалат со успесите на нивните де...
Зошто децата треба често да се дружат со своите тетки? Тетката може да му покаже на детето сосема поинаков поглед на животот, различен ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg