Изненадувачки факти за бременоста
Кога еднаш ќе останете бремени, ве чекаат многу изненадувања. Ова се уште неколку податоци кои сигурно не сте ги знаеле за оваа состојба на телото.
Мажите може да ги имаат истите симптоми на бременост
Речиси половина мажи ги доживуваат сличните искуства како нивните понежни половини. Најчести се губењето апетит, забоболка, настинка и анксиозност. Ако ова ви звучи како машка хипохондрија – постои подобро објаснување, а тоа е лачењето на хормонот пролактин кој обично се поврзува со доењето.
Се прашувате каква врска има овој хормон со машкото тело? Научно е докажано дека се случува буквално лачење на млеко од телото на таткото, но не во толкава мера како кај мајката. Оваа појава е позитивна, затоа што влијае на близината помеѓу таткото и бебето.
Неродените бебиња го чувствуваат вкусот на храната која ја јаде мајката
Ако земете примерок од плодовата вода откако жената јадела оброк со некој зачин, ќе се почувствува истиот мирис. Овие молекули влегуваат во плодовата вода на истиот начин преку кој влегуваат во млекото – преку крвта. А, затоа што бебињата тоа го вдишуваат, тие можат точно да го почувствуваат вкусот на храната што ја јаде мајката.
Бременоста навистина го менува женскиот мозок, буквално
Сигурно сте слушнале за мемнезија, што претставува заборавање на жените кои се во бременост. Но, можеби не сте знаеле дека женскиот мозок се собира во периодот на доцната бремена и не се враќа во стандардната големина 6 месеци по породувањето.
Што влијае на тоа, се уште не е доволно истражено, но можеби е резултат на структурната реорганизација која се случува во овој период во телото. Исто така, жените во овој период стануваат почувствителни на страв и бес.
Неродените бебиња го чувствуваат расположението на мајката
Истражувањата покажале дека бебињата многу почесто се движат кога мајката гледа тажен или возбудлив филм. Тешко е да се одреди дали го делат ентузијазмот или тагата, но важно е дека реагираат на секоја емоција на мајката.
Клетките на бебето живеат во организмот на мајката и по породувањето
Бременоста ја менува жената многу повеќе отколку што мислевте. Од почетокот на бременоста, па до крајот на животот, во себе жената носи мал дел од бебето со себе, заради клетките кои постојано циркулираат во крвта. Тие дури може и да и помогнат на мајката да поправи некои оштетувања во организмот.