„Ајде да ја оставиме мама да се наспие, можеби тогаш нема да биде толку намуртена“
И знаете во што е работата? Оваа фаза ќе помине, како и сè друго, и јас на крајот ќе најдам начин да се справам со целата оваа вознемиреност и мака. Ќе го пребродам периодот, секако.
Но, ова е единственото детство што моето дете го има. Овој период од неговото растење нема да има реприза.
Ако не сум способна и премногу сум слаба за да го пребродам ова побрзо и полесно, тогаш тоа е тоа. Мојот син ќе има намуртена мајка и ќе ме памети како таква.
Но, дали тоа е типот на мајка што сакам да бидам? Дали тоа е примерот што сакам да му го дадам на моето дете?
Одеднаш, мојот живот доби смисла: Сакам да бидам посреќна мајка.
Сакам да се сетам на некогашната себе, која спонтано почнува да танцува кога ќе слушне музика, се смее и го повикува синот да заигра со неа.
Сакам да ме памети како ведра и насмеана мајка, а не како отровна личност, чија намуртеност се шири низ секоја просторија во која влегува.
Сакам да се сеќава на мојата топла насмевка почесто, отколку на мојот намуртен поглед или на очигледно вознемирената личност што сум станала.
Сакам да види како ги прифаќам сите животни ситуации, како ги решавам и го извлекувам од нив само најдоброто. Сакам да живеам радосен живот и тој да го почувствува тоа.
Секако, тоа не значи дека ќе ставам лажна насмевка и ќе глумам среќа – овој трик очигледно не функционира.
За мене, тоа значеше за почеток да се прашам: „Што ме прави среќна?“ и да најдам начини да има повеќе такви моменти. Да избегнувам ситуации што ме исцрпуваат и ме прават раздразлива.
Што можам да сменам или елиминирам во мојот живот? Кои токсични луѓе и ситуации треба да ги избегнувам?
За мене, тоа значеше да кажам ДА на мојата потенцијална среќа и да се стремам кон чувство на благосостојба во мојот живот.
Тоа, исто така, значеше да го препознаам тој првичен вознемирувачки здив во градите пред да ме обземе – пред мојот ум да го прифати и да ме мачи со мисли и грижи, а јас да ја изгубам од вид мајката која сакам да бидам.
Тоа значи дека отсега свесно, намерно ќе избирам да бидам посреќна и помалку врзана за сè негативно што се случува околу мене и во мене.
Тоа е за мене постојана борба со неизбежни падови. Некои денови сè уште се многу тешки.
И сепак, мојата одлука да станам посреќна и повесела личност е веројатно најубавото нешто што можев да го направам за мојот син.
Тоа е исто така и најдоброто нешто што можев да го направам за себе.
Фото: CRNOBELO.com - генерирано со AI
Би можело да ве интересира:





