Рани знаци на аутизам кои родителите треба да ги знаат
Проблеми со играње со други деца
Децата на возраст од една до три години обично покажуваат огромен интерес за игри со нивни врсници.
Од друга страна, на дечињата со аутизам овие интеракции можат да им бидат отежнати и да не бидат заинтересирани за другите.
Ако вашето дете избегнува да си игра со други деца и преферира да биде само, консултирајте се со педијатар.
Не ве имитира
Како бебињата, и децата до тригодишна возраст сакат да ги имитираат другите, особено нивните родители.
Со ова, тие учат како треба да се однесуваат.
Децата со аутизам покажуваат помал интерес за однесувањето на родителите, не се обидуваат да имитираат, не возвраќаат кога ќе им се насмевнете и слично.
Не бараат утеха кај родителите
Кога децата се исплашени, тажни и слично, обично бараат утеха и прегратка кај родителите.
Децата со аутизам може да бидат многу чувствителни на допир, односно да не сакаат прегратка, ни допири од родителите.
Поради ова, кога чувствуваат негативни емоции, можно е да почнат да се тешат самите, со нишкање или слични движења кои им помагаат да ја смират анксиозноста.
Што ако вашето дете има аутизам?
Ако вашето дете добие дијагноза, експертите ќе ви помогнат да ги задоволите неговите потреби и да му овозможите добар живот. Ако има потреба, ќе биде препишана и соодветна терапија.
Аутизмот е состојба со којашто може да се живее доколку детето го добие потребното внимание и неговите потреби бидат задоволени.
Важно е да бидете трпеливи, да побарате помош од експерти и други членови на семејството и да бидете свесни за потребите на детето.
Спирова С. | Црнобело