„Зошто е важно да им раскажувате приказни на децата?“- со логопед Симона В. Николовска

Нема дете кое не пораснало со приказните на мама и тато или на баба и на дедо. Зошто е важно редовно да им раскажувате приказни на вашите најмили - за придобивките ни пишува логопед Симона В. Николовска.

zosto-e-vazno-da-im-citate-i-raskazuvate-prikazni-na-decata-so-logoped-simona-v-nikolovska-01.jpg

Раскажувањето е најстарата форма на учење и со себе носи многу бенефити по развојот на детето.

Раскажувањето е сложена јазична вештина со која настаните се излагаат по посебен хронолошки редослед, со назначено место, ликови, и последици на настаните.

Ги подобрува јазичните способности

Кога дечињата слушаат приказни, се изложени на презентација на приказната на уникатен начин. Со секое наредно раскажување, детето учи нови зборови и го зголемува својот вокабулар.

Ја зголемува меморијата

Раскажувањето не користи употреба на визуелна дразба и презентација на слики, па така потребно е детето да ги запомни сите ликови и настани и клучни точки. На следното раскажување треба да ја прераскаже приказната со сите елементи на повторно уникатен начин.

Прераскажувањето на друго лице вклучува бројни вештини, како што се:

  • Обликување на текстот
  • Избор на соодрветни зборови
  • Разбирање на причинско – последичните односи, односно разбирање на приказната
  • Разбирање на улогата на раскажувачот и слушателот.

zosto-e-vazno-da-im-citate-i-raskazuvate-prikazni-na-decata-so-logoped-simona-v-nikolovska-02.jpg

Раскажувањето се потпира на јазичните знаења и со него можеме многу да знаеме за јазичниот развој на едно дете.

Истражувањата покажале дека раскажувачките вештини кај децата се тесно поврзани со успехот кој децата го постигнуваат на училиште.

  • Читањето го зголемува ентузијазмот кај децата за читање
  • Ги подобрува вештините за слушање и внимание
  • Го охрабрува пишувањето на свои приказни кај децата.

Важно е да се запомни дека кога им раскажуваме на децата приказни, тие треба да бидат соодветни за нивната возраст.

Користете ја секоја прилика да му раскажувате на Вашето дете приказни, но и да ги освежите сеќавањата и да ги раскажувате минатите настани.

Охрабрете го детето да Ви раскажува, помагајте го раскажувањето на детето, кое секогаш почнува со едноставни реченици, за на возраст од 3-4 години, да развие силни раскажувачки вештини.

Логопедот Симона Василеска Николовска може да ја следите на Инстаграм. Доколку имате прашања и предлози за тема на разговор со логопедот, испратете ги на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Писмо од вашето дете до вас: „Мамо, не брзај да ме направиш возрасен, дозволи ми да бидам дете“ Мамо, покажи ми дека секогаш можам да зборувам со тебе. И кога ќе пораснам, ќе м...
Како да препознаете дека вашето дете не ве почитува доволно? Детето кое не ги почитува вашите лични граници може да влезе во спалната соба бе...
Kако да се справите со несаканите совети за децата, низ илустрации Како да реагирате на родителите што постојано се фалат со успесите на нивните де...
6 работи кои НЕ треба да му ги кажете на родител кој го загубил своето дете „Сè се случува со причина“ – ова е најизлишната фраза што можете да ја искористи...
7 најчести грешки кои ги прават родителите дури и без да забележат Дури и да ви делуваат смешни детските проблеми, во нивната глава тие се огромни ...
Првите 3 години од родителството се најтешки - после станува полесно Моето родителство се промени кога дознав дека критичните години се само првите т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg