Пробајте и вие: Мајка направила мини кујна на својата ќерка речиси за 0 денари (фото)
Една мајка од Филипините споделила фотографии на Фејсбук од својот „направи сам“ проект - мала кујна за нејзината ќерка, за да покаже дека не ви е потребно богатство за да го развеселите вашето дете.
Родеса Вилануева-Рејес е сопственичка на пекара која за својата 1-годишна ќерка Одри направила кујна цела од картон. Картонските кутии претставуваат фрижидер, рерна, плакари и сè друго што треба да го има една вистинска кујна.
Дел од кутиите се покриени со налепници, од стар сад за готвење направила мијалник, од стара пумпица за сапун направила чешма.
На старите налепници и тапети кои ги употребила за декорирање на картонските кутии додала мали детали, па така, на рерната пишува степени на загреаност на рерната, на еден дел пишува „Audrey’s Café and Restaurant“, Одри има дури и мини лаптоп...
Н. Г. | Црнобело